Privacy Policy

Политика за приватност на Huawei

Последно ажурирање: Септември 2016 г.

Ако имате какви било прашања, коментари или предлози, ве молиме контактирајте нè преку електронска пошта на consumer_privacy@huawei.com

Почитувани корисници, Huawei Device Co. Ltd и неговите корпоративни подружници во светот („Huawei“, „ние”, „нашето” и „нас”) разбираме колку ви е важна вашата приватност и сме целосно посветени да ја заштитиме. Ве молиме не испраќајте лични или приватни податоци на Huawei пред да ги прочитате, разберете и да се сложите со оваа Политика за приватност (“оваа Политика”). Ја создадовме оваа Политика за да ви помогнеме да разберете: 1. 1. Како Huawei ги користи вашите лични податоци 2. Како Huawei користи колачиња и други слични технологии 3. Како Huawei ги открива вашите лични податоци 4. Како до пристап и менување на вашите лични податоци 5. Како Huawei ги штити вашите лични податоци 6. Како Huawei управува со личните податоци на деца 7. Третите лица даватели на услуги на Huawei и нивните услуги 8. Како вашите лични податоци се пренесуваат меѓународно 9. Како оваа политика се ажурира 10. Меѓународни корисници 11. Како да го контактирате Huawei Ве молиме забележете дека оваа политика се однесува само на електрониката за потрошувачи на Huawei, вклучувајќи и телефони, паметни телефони, таблети, домашни уреди, картички со податоци, компјутерски апликации, алатки, софтвер, интернет-страници и услуги кои ја прикажуваат или се однесуваат на оваа политика. Оваа политика опишува како Huawei управува со вашите лични и приватни податоци и ја потврдува својата посветеност за заштита на вашата приватност. Политиката не ги опфаќа сите можни сценарија за обработка на податоци. Информации за производот – или услугата – специфично прибирање на податоци е издадено од Huawei во дополнителни политики. Препорачливо е да ги прочитате и оваа политика и сите дополненија за целосно да ги разберете политиките за приватност на Huawei за посебен производ или услуга. 1. Како Huawei ги користи вашите лични податоци Личните податоци се информации кои можат да се користат самостојно или во комбинација со други информации, за да се идентификува некое лице. Такви податоци се собираат кога користите производи или услуги на Huawei и може да ги вклучуваат вашето име, датум на раѓање, адреса, матичен број, телефонски број, број на сметка, слика и локацијата и датумот кога производите или услугите биле искористени. Huawei ги презема и ги користи вашите лични податоци само за целите кои се наведени во оваа Политика. Следуваат примери за лични податоци кои ние можеби ќе ги преземеме и како ги користиме истите: 1.1 Лични податоци соберени од Huawei Може да преземеме некои лични податоци, како вашето име, профилна слика, телефонски број, адреса на е-пошта, возраст и локација. Подолу има примери за видовите лични податоци што можеби ќе ги преземеме. (а) Податоци кои директно ги поднесувате: Неколку Услуги на Huawei ви овозможуваат да креирате сметки или профили. Од вас може да се побара да дадете информации за профилот, како вашата адреса на е-пошта, адреса за испорака, телефонски број, информации за производот, време на купување и начин на плаќање. Ако ги користите услугите на Huawei за да споделувате содржини со вашите пријатели, можеби ќе треба да ни дадете нивни информации за контакт, како нивното име, профилна слика, телефонски број и адреса на е-пошта. Некои услуги на Huawei ви овозможуваат да комуницирате и да споделувате информации со други луѓе. Сите тие комуникации се безбедни. Ако наидете на грешки при користење на Huawei уред или апликација, можете да изберете да му испратите на Huawei детали за грешката. (b) Податоци за користење на услугите: Ние можеби ќе преземеме податоци за системот и апликацијата од вашите уреди, како името на уредот, верзии на системот и апликацијата, регионални приспособувања и приспособувања на јазик, верзија на уредот, идентификациски број на уредот (IMEI, ESN, MEID и SN), географска локација (како и идентификација на регионот каде што се наоѓа вашиот уред), ID (PLMN) на мрежата на провајдерот на услуги, навики на користење и IP адреса. Исто така, можеме да влеземе во записникот за користени услуги, да пребаруваме во пребарувани термини и во податоците кои се складирани во колачињата на вашите уреди. (c) Податоци од трети лица: Може да добиеме податоци за вас од јавни и комерцијално достапни извори како што е дозволено со закон. Може да добиеме и податоци за вас при користење услуги од трети социјални мрежи, како кога се најавувате на нашата интернет-страница преку вашиот Facebook или Twitter. 1.2 Како Huawei ги користи вашите лични податоци Вашите лични податоци за може да ги користиме за: (а) Пополнување нарачки за купување; испорака, активирање или потврда на производи или услуги; за правење промени на ваше барање; и за овозможување техничка поддршка. (б) За да ве контактираме; да ви испратиме информации за производите и услугите кои можеби ќе ве интересираат; за да ве поканиме да учествувате во промоциите на Huawei и во истражувањата на пазарот; или за да ви испратиме маркетинг информации со ваша јасна согласност. Ако не сакате да добивате такви информации, можете да се откажете во секое време. (в) За да ве информираме за ажурирања на оперативниот систем или апликацијата и да ги инсталирате. (г) Да ви понудиме персонализирано корисничко искуство и содржина и да ги активираме вашите услуги по купувањето. (д) За да извршиме внатрешни ревизии, анализа на податоци и истражување за подобрување на нашите производи и услуги. (ѓ) За да ја анализираме ефикасноста на нашите бизнис дејности и да го измериме нашиот удел на пазарот. (е) За да ја подобриме комуникацијата со клиентите и да се осигуриме дека нуди безбедна и квалитетна услуга на клиентите. (ж) За решавање на грешките ако се одлучите да ни испратите детали за грешката. (з) За да ги синхронизираме, споделиме и складираме податоците кои вие ги прикачувате или превземате и податоците кои се потребни за спроведување на прикачувањата и превземањата. (ј) За да ги подобриме нашите програми за спречување загуба и против измами. 1.3 Услуги базирани на локација Кога пристапувате до одредени услуги базирани на локација, на пример, кога пребарувате, го користите навигацискиот софтвер или го проверувате времето за специфична локација, Huawei може да ја преземе, употреби и процесира прецизната или нејасна локација на уредот. Ова е потребно за Huawei да ги обезбеди горенаведените услуги. Huawei може да ги преземе идентификациските броеви на уредот (IMEI, ESN, MEID и SN), тип на уред, модел и податоци за локацијата во реално време (добиени преку GPS, Wi-Fi и ID на мрежата на давателот на услуги). Huawei ги презема податоците за локацијата за да ги обезбеди и подобри своите производи и услуги базирани на локација. Може да ве прашаме за кои апликации сакате да се оспособат услугите базирани на локација. Можете да изберете да не ги споделувате вашите податоци за локацијата со исклучување на услугите базирани на локација на вашите уреди. За детални информации за како да ги исклучите услугите базирани на локација, ве молиме контактирајте го вашиот мрежен оператор. 1.4 Прибирање и употреба на неидентификувачки податоци Неидентификувачките податоци се однесуваат на податоци кои не можат да се искористат за да се идентификува некој поединец. На пример, Huawei може да преземе собрани статистички податоци, како број на посетители на својата интернет-страница. Huawei ги прибира овие податоци за да разбере како луѓето ги користат нивната интернет-страница, производите и услугите. Ова му овозможува на Huawei да ги подобри своите услуги за подобро да ги задоволи потребите на клиентите. Huawei може, на своја одлука, да прибере, употреби, обработи, пренесе или открие неидентификувачки податоци за други цели. Ние настојуваме да ги чуваме одделно вашите лични податоци и неидентификувачки податоци и да ги користиме независно едни од други. Ако личните податоци се комбинираат со неидентификувачките податоци, тие ќе се третираат како лични податоци. 2. Како Huawei користи колачиња и слични технологии 2.1 Колачиња За да се осигуриме дека нашата интернет-страница правилно функционира, ние понекогаш складираме помали датотеки познати како колачиња на компјутери или мобилни уреди. Колаче е едноставна текстуална датотека која е складирана на вашиот компјутер или мобилен уред преку мрежен сервер. Само серверот кој го создава колачето може да ја врати или прочита содржината на колачето. Секое колаче е единствено за вашиот интернет пребарувач или мобилна апликација. Колачињата вообичаено содржат идентификатор, име на страницата и некои броеви и букви. Колачињата им овозможуваат на интернет-страниците да складираат податоци, како кориснички параметри или содржина на вашата кошничка за пазарење. Поголем број од големите интернет-страници или даватели на интернет услуги вклучуваат колачиња за да го подобрат нивното корисничко искуство. Колачињата овозможуваат интернет-страниците да запомнат корисници и при само една посета (користејќи колаче за сесија) и за повторени посети (користејќи трајно колаче). Колачињата овозможуваат интернет-страниците да складираат приспособувања, како јазик, големина на фонт и други параметри за вашите компјутери или мобилни уреди. Ова значи дека при секоја посета корисничките параметри не треба повторно да се конфигурираат. Ако интернет-страницата не користи колачиња, ќе ги третира своите корисници како нови посетители секој пат кога ќе отворат страница. На пример, ако се најавите на интернет-страница и преминете на друга страница, интернет-страницата нема да ве препознае и повторно ќе ве одјави. Huawei не користи колачиња за други намени освен за тие кои се наведени во оваа политика. Можете да управувате или да бришете колачиња според вашите желби. За повеќе информации, видете на AboutCookies.org. Можете да ги исчистите сите колачиња кои се складирани на вашиот компјутер и повеќето интернет пребарувачи можат да се конфигурираат за да блокираат колачиња. Сепак, ако го направите тоа, можеби ќе треба рачно да ги средувате корисничките приспособувања секој пат кога ја посетувате нашата интернет-страница. За повеќе информации за тоа како да ги промените приспособувањата на пребарувачот, ве молиме посетете ги следните линкови: Internet Explorer Google Chrome Mozilla Firefox Safari и Opera 2.2 Пикселни ознаки Покрај колачињата, ние исто така користиме други слични технологии како сигнали и ознаки за пиксели на нашите интернет-страници. На пример, кога ќе добиете е-пошта од Huawei, таа може да содржи URL кој преку клик се поврзува со содржината на интернет-страницата на Huawei. Ако кликнете на линкот, кликнувањето се следи од Huawei за да ни помогне да ги дознаеме вашите параметри за производи и услуги и да ги подобриме нашите услуги за клиентите. Пикселна ознака е типична транспарентна слика која е вметната на интернет-страница или во е-пошта. Вклучувањето на пикселни ознаки во електронската пошта ни овозможува да знаеме дали нашите пораки се отворени. Ако не сакате вашите активности да се следат на овој начин, можете да се отпишете од листите за пошта на Huawei во кое било време. 2.3 Не следи Многу интернет пребарувачи имаат функција „Не следи“ (Do Not Track), која издава барања за забрана на следење до интернет-страниците. Во моментов, главната организација за Интернет стандарди нема политика која регулира како интернет-страниците треба да се однесуваат кога ќе добијат такви барања. Сепак, сите Huawei интернет-страници ја почитуваат опцијата „Не следи“, ако е вклучена во вашиот пребарувач. 3. Како Huawei ги открива вашите лични податоци Huawei не ги продава вашите лични податоци на трети лица. Сепак, Huawei може да ги открие вашите лични податоци во следните околности: 3.1 Откривања со јасна согласност: По добивање на ваша јасна согласност, Huawei може да ги сподели вашите лични податоци со трети лица. 3.2 Откривања на подружниците на Huawei: Вашите лични податоци може да се споделат со подружниците на Huawei. Како прашање на политика, ние ќе откриваме само податоци кои се потребни. 3.3 Откривања на овластени партнери (“наши Партнери”): Некои услуги на Huawei ги обезбедуваат нашите Партнери. Huawei може да сподели некои од вашите лични податоци со своите Партнери за да понуди подобри услуги на клиентите и подобрено корисничко искуство. На пример, кога купувате Huawei производи онлајн, Huawei мора да ги сподели вашите лични податоци со даватели на услуги за логистика за да закаже испорака или да ги организира Партнерите да обезбедат услуги. Вашите лични податоци може да се обработуваат за конкретни, експлицитни или легитимни цели и само податоците кои се потребни за услугата ќе бидат откриени. Подружниците или Партнерите на Huawei не се овластени да користат споделувани лични податоци за какви било други цели. 3.4 Откривања на правни и разумни основи: Huawei може да ги открие вашите лични податоци ако тоа се бара со закон, правни постапки, судски постапки или правни и владини органи. Во некои подрачја, вашите лични податоци може да се откријат и на страни со кои се склучува зделка, ако Huawei е вклучен во постапки за реорганизација, спојување или стечај и ликвидација. Huawei може, исто така, да ги открие вашите податоци кога има разумна потреба, како за зајакнување на своите правила и услови и за заштита на клиентите. 4 Како до пристап или измена на вашите лични податоци Согласно со правилата и условите на Huawei, можете да управувате со вашите лични податоци, како на пример, информациите за вашиот профил, во кое било време. Треба да се осигурите дека сите лични податоци што се поднесени се точни. Huawei ќе направи разумни напори за да ги одржи вашите податоци точни, комплетни и ажурирани. Имате право да пристапите до вашите лични податоци кои се предмет на некои правни исклучоци. Кога законите за приватност и информации се разликуваат во некои јуриздикции, ние ќе ги почитуваме. Ако сакате да го искористите вашето право за пристап до податоци, ве молиме информирајте нè преку електронска пошта на consumer_privacy@huawei.com. Од безбедносни причини, од вас може да се побара да го поднесете барањето на писмено. Исто така, имате право да избришете или дополните какви било лични информации од тие што ги имаме. Huawei ќе ги избрише или дополни тие информации по ваше барање. За да поднесете такво барање, можете да нè контактирате преку електронска пошта на consumer_privacy@huawei.com. Ние може да одбиеме да ги обработиме барањата ако имаме разумна основа да веруваме дека тие се направени со лоша намера, не се практични или ако локалниот закон не бара поинаков пристап. 5 Како Huawei ги штити вашите лични податоци Huawei сериозно ја сфаќа заштитата на личните податоци. Ние ги следиме индустриските стандардни практики за да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, обелоденување, употреба, измена, оштетување или загуба. Ние ги преземаме сите разумно практични чекори за заштита на вашите лични податоци. На пример, ние користиме декодирање за да осигуриме доверливост на податоците; користиме веродостојни заштитни механизми за да ги заштитиме податоците од злонамерни напади; распоредуваме контролни механизми за да се осигуриме дека само овластениот персонал може да пристапи до личните податоци; и ја подигаме свеста кај вработените за важноста на заштитата на личните податоци преку обуки за безбедност и заштита на приватност. Ние ги преземаме сите разумно практични чекори за прибирање само на релевантните лични податоци. Ги задржуваме вашите лични податоци за периодот кој е потребен за да се исполнат целите кои се наведени во оваа Политика, освен ако со закон е побаран или дозволен подолг период на задржување. Додека ние водиме најголема грижа за заштита на вашите лични податоци, ве молиме имајте на ум дека ниту едни безбедносни мерки не се целосно безгрешни. 6 Како Huawei управува со лични податоци на деца Нашите производи, интернет-страници и услуги се првично наменети за возрасни. На деца не им е дозволено да креираат сопствени кориснички сметки без согласност од родители или старатели. Кога се прибираат лични податоци на деца со согласност од родители, ние ќе ги користиме или откриваме овие податоци ако тоа го дозволува законот, ако експлицитни дозволи се дадени од родители или старатели или ако е тоа потребно за заштита на детето. Иако дефиницијата за дете може да се разликува според локалните закони и обичаи, ние секое лице помало од 13 години го сметаме за дете. Ако Huawei дознае дека се соберени детски лични податоци без прво да се добие проверена родителска согласност, ќе се преземат чекори за бришење на податоците во најкраток можен рок. 7 Трети даватели на услуги и нивните услуги За осигурување на лесно пребарување, може да ви бидат дадени линкови за содржина или интернет-линкови од трети лица надвор од Huawei и нашите Партнери (“Трети лица”). Huawei нема контрола над тие трети лица. Можете да изберете дали ќе пристапите или нема да пристапите кон тие линкови, содржини, производи и услуги кои се понудени од трети лица. Huawei нема контрола над политиките за заштита на приватноста и податоците на трети лица, кои не се опфатени со оваа политика. Пред да ги поднесете вашите лични информации на трети лица, ве молиме погледнете ги нивните политики за заштита на приватноста. 8 Како вашите лични податоци се пренесуваат на меѓународно ниво Производите и услугите на Huawei се доставуваат низ извори и сервери кои се наоѓаат низ целиот свет. Ова значи дека вашите лични податоци може да се пренесуваат или да се пристапи до нив од други подрачја кои се надвор од земјата каде што вие ги користите нашите производи и услуги. Овие подрачја може да имаат различни закони за заштита на податоци или такви закони може и да не постојат. Во тие случаи, Huawei ќе осигури слично или соодветно ниво на заштита да биде обезбедено за вашите податоци како што се бара според сите важечки закони и регулативи. На пример, Huawei може да побара ваша согласност за префрлување на лични податоци преку граници или за спроведување безбедносни мерки како анонимизација на податоци пред преминување преку граница. 9 Како оваа политика се ажурира Huawei го задржува правото за ажурирање или дополнување на оваа политика одвреме-навреме. Huawei ќе ве извести за промените преку различни канали. Каде што има промени во нашата политика за приватност, ние ќе ја споделиме ажурираната политика за приватност на нашата интернет-страница http://consumer.huawei.com/en. Ние, исто така, може да ви испратиме посебно известување (на пр. електронско известување) каде што ве информираме за промените во нашата политика за приватност. 10 Меѓународни корисници Ве молиме имајте на ум дека личните информации во рамките на Кориснички услуги базирани на облак на Huawei (Consumer Cloud Services) се однесуваат на лицата кои живеат во земја-членка на Европската економска зона (ЕЕА) или Швајцарија, Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Фарските острови, Гибралтар, Гренланд, Македонија, Молдавија, Монако, Црна Гора, Сан Марино, Србија, Ватикан, Јапонија, Кореја, САД, Канада кои се раководени од Huawei Technologies Deutschland, GmbH. Сепак, онлајн продавницата на Huawei www.hihonor.com/us е под раководство на Huawei Device USA, Inc. 11 Како да го контактирате Huawei Ако имате какви било прашања, коментари или предлози, ве молиме контактирајте нè преку електронска пошта на consumer_privacy@huawei.com или поднесете ги во некоја од нашите глобални теренски канцеларии. За целосна листа на нашите локации на канцеларии, ве молите посетете ја нашата интернет-страница на: http://www.huawei.com/en/contact-us Важно известување: Локалната јазична верзија на Политиката за приватност на Huawei може да се разликува од оваа верзија поради локалните закони и јазичните разлики. Каде што има разлики, верзијата на локалниот јазик ќе преовлада. Последно ажурирање: Септември 2016 Copyright © Huawei Device Co., Ltd. 2016. Сите права се задржани.