Благодарение на Bluetooth повиците на HUAWEI WATCH GT 2, можете да остварувате или примате повици за време на спортување или кога вашите раце се зафатени. Бидете секогаш во контакт со вашето семејство или пријатели.1
Убав одвнатре, стабилен однадвор. HUAWEI WATCH GT 2 може да собере до 500 песни3 и лесно да се спари со Huawei FreeBuds 3. Може да уживате во музиката од вашата омилена листа без телефон додека спортувате.
Подобро следење на спиењето
Со HUAWEI TruSleep™ 2.0, вашиот HUAWEI WATCH GT 2 може научно да ги следи и дијагностицира 6 вообичаени проблеми со спиењето, и да ви даде совети за подобар одмор. Исто така додека спиете, часовникот го следи вашиот срцев ритам, го анализира вашето дишење и дава оценка за вкупниот квалитет на спиење.
Ослободете се од вашиот стрес
Дневно следење на стресот, целодневна грижа за вашето здравје со HUAWEI TruRelax™.4
Обука за дишење , ослободува стрес и ја прилагодува состојбата во вистинско време.
Целодневно следење на активност
Следете го вашиот напредот во фитнесот во текот на целиот ден, како што е вашиот чекор, изгорени калории, бројот на колку пати ќе застанете и периоди на активности со среден до висок интензитет.
Карактеристики на секојдневниот живот
Овој часовник обезбедува ново ниво на погодност со поддршка на известувања од СМС-пораки, е-пошта, календар и други апликации за социјални медиуми. Може да користите и други карактеристики како Време, Аларм, Тајмер, Стоперица, Блиц, и опцијата Пронајди го мојот телефон.
Откако ќе кликнете на линкот, ќе влезете во веб-страница управувана од трета страна. Huawei не е одговорен и нема контрола врз оваа веб-локација управувана од трета страна.