Нова сервисна кампања „Повеќе грижи за вас“ на Huawei во Северна Македонија

Huawei отсекогаш придава големо значење на постпродажната услуга на локалните пазари, преку овластени центри за услуги и разновидни услужни кампањи.
Најновата кампања наречена „Повеќе грижи за вас“ која стартува денес, на корисниците им нуди попуст од 1300 денари за секоја вонгаранциска сервисна услуга и притоа и бесплатно добивање заштитна фолија за дисплејот.
Заштитна фолија може да се добие за следните телефони: HUAWEI P30 Pro, HUAWEI P30,HUAWEI P20 Pro,HUAWEI P20; HUAWEI P30 lite,HUAWEI Mate 20 lite,HUAWEI P20 lite,HUAWEI Mate 10 lite; HUAWEI Mate 20 Pro,HUAWEI Mate 20,HUAWEI Mate 10 Pro; HUAWEI P Smart 2019; HUAWEI Y6 2019,HUAWEI Y5 2019,HUAWEI Y6 2018, HUAWEI Y5 2018.
Оваа несекојдневна можност неделава ќе биде достапна на клиентите секој ден. Истата ќе продолжи и до крајот на годината со тоа што можност за сервисирање со попуст на корисниците на мобилни телефони на Huawei ќе им биде достапна секој последен четврток и петок во месецот.
Кампањата „Повеќе грижи за вас“ ќе се применува само за корисниците кои ќе го посетат овластениот сервисен центар на Huawei – Програм, бул. Борис Трајковски ЕЕЗ, 72, Скопје, Кисела Вода.
Подетални информации за кампањата можете да најдете на следниов линк: https://consumer.huawei.com/mk/support/service-day/