2020/06/22

NextImageAwards 2020 на Huawei започна на 15 јуни со привлечни глобални награди

NextImageAwards на Huawei е еден од највозбудливите и реномирани глобални натпревари за љубителите на мобилна фотографија и видеографија. Македонските фанови на Huawei се активни учесници на овој натпревар секоја година, па така и оваа, можат да учествуваат на глобалниот натпревар директно преку веб-страницата на кампањата.

Сите оние кои ќе се пријават, покрај престижното учество на глобалното натпреварување, имаат шанса да освојат и една од паричните или други награди.

Шестчлено глобално жири со двајца претставници на Huawei и четворица реномирани фотографи од САД, Русија, Шведска и Канада ќе изберат вкупно 71 добитник, вклучувајќи три Гран-При награди од 10000 американски долари, HUAWEI P40 Pro и електронски сертификат. Целосниот список на награди и информации за жирито може да се најде на веб-страницата на конкурсот.

Крајниот рок за учество е од 15 јуни до 31 јули, во следните 6 категории:
  • Near Far, категорија во која можете да ја искажете својата перспектива за скриените места околу вас;
  • Good Night, кадеќе го фатите моментот при слаба осветленост;
  • Hello, Life! каде ќе споделите емоции и инспирација од секојдневниот живот;
  • Faces, во којаќе се изрази идентитетот преку моќта на портретската фотографија;
  • Live Moments– категоријата за видео-уметници кои можат да учествуваат со дела од 10 секунди до 10 минути.
  • Storyteller– приказна раскажана во 3-9 слики.

Сите снимки мора да бидат направени со паметен телефон Huawei, а секој учесник има право да испраќа најмногу 30 дела, следејќи ги упатствата на страницата: gallery.consumer.huawei.com.

За почетна инспирација, погледнете го промо видеото на конкурсот.

Huawei посакува секое од вашите дела да раскаже позитивна приказна од незаборавното лето!

NextImageAwards 2020 на Huawei започна на 15 јуни со привлечни глобални награди