Како можам да го ажурирам телефонот?

Изберете го правилниот начин на ажурирање според потребите.

1. Извршете ажурирање преку интернет.

Предуслови:

● Телефонот е поврзан на интернет пред да го започнете ажурирањето. Ажурирањето преку интернет троши одредено количество податочен сообраќај и затоа се препорачува да го поврзете телефонот на мрежа Wi-Fi.

● Преостанатото напојување на батеријата на телефонот треба да биде повисоко од 30% во текот на ажурирањето.

● Ќе биде потребен одреден временски период за ажурирањето. Не притискајте го копчето за вклучување/исклучување и не вршете никакви операции во текот на ажурирањето. Кога ажурирањето ќе заврши, телефонот ќе се престартува автоматски.

Постапка:

Допрете Нагодување > Ажурирање за да проверите за нови ажурирања. Ако се пронајде ново ажурирање, допрете за да го преземете, па следете ги упатствата на екранот за да го ажурирате телефонот.

2. Ажурирајте го телефонот преку HiSuite.

Предуслови:

● Најновата верзија на Huawei HiSuite е инсталирана на компјутерот. Може да ја преземете од http://consumer.huawei.com/minisite/HiSuite_en/

● Преостанатото напојување на батеријата на телефонот треба да биде повисоко од 30% во текот на ажурирањето.

● Не прекинувајте ја врската преку кабелот за USB, не исклучувајте го и не престартувајте го вашиот телефон и не отстранувајте ја и не ставајте ја картичката microSD во текот на целиот процес.

Постапка:

(1) Поврзете го телефонот со HiSuite и кликнете Ажурирај на компјутерот.

(2) Кога ќе се пронајде нова верзија, ажурирајте го телефонот. Кога ажурирањето ќе заврши, телефонот ќе се престартува автоматски.

* Сликите се дадени само за информација и може да се разликуваат од вашиот уред.