Huawei е водечки глобален давател на инфраструктура од областа на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) и паметни уреди. Со интегрирани решенија во четири клучни области – телекомуникациски мрежи, ИТ, паметни уреди и услуги во облак – посветено работиме за да ги донесеме дигиталните технологии до секое лице, до секој дом и до секоја организација за целосно поврзан и интелигентен свет.


Huawei Consumer BG е водач на сите сцени во AI животот, опфаќа смартфони, персонални компјутери и таблети, паметни часовници и алки, мобилни широкопојасни уреди, семејни уреди и услуга за облак на уреди.


Конференцијата за развој на Huawei 2020 (Заедно) објави големи претстојни ажурирања за HarmonyOS 2.0, EMUI 11, HMS (Huawei Mobile Services), HUAWEI HiLink и HUAWEI Research, зајакнувајќи ги глобалните програмери и партнери во екосистемот да обезбедат подобрени и иновативни искуства за корисниците.

Huawei се најде на 49-то место на листата Fortune 500. Овогодинешното рангирање претставува скок од 12 поени во однос на 2019 година.
Huawei се најде на 45-тото место во најновата студија на BrandZ Топ 100 највредни брендови, што е за две места повеќе од минатата година. 2020 година е петта последователна година каде годишното издание го карактеризира Huawei како еден од најдобрите 50 највредни брендови ширум светот.
Huawei ги лансираше HUAWEI P40 Pro +, HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40, новите предводни паметни телефони на HUAWEI P40 серијата, со врвни дизајни со иновативни фотоапарати, кои радикално ги прошируваат можностите за фотографирање и снимање видео на мобилен телефон.

Huawei го представи HUAWEI Mate Xs, следната еволуција во револуционерниот HUAWEI Mate X телефон на преклопување. Со поставувањето на најновите технологии на Huawei во овој телефон, HUAWEI Mate Xs претставува телефон од највисоката класа на Huawei во кој се поставени Kirin 990 5G SoC како и подобрениот Falcon Wing дизајн каде добивате моќен перформанс и беспрекорно корисничко искуство низ сите паметни телефони и таблети.

Brand Finance ги претстави 500-те Највредни Глобални Брендови за 2020 (Brand Finance Global 500 2020). Huawei е рангиран на високото 10-то место за прв пат во најдобрите 10 што е напредок за две места од минатата година.
Huawei ја претстави својата HUAWEI Mate 30 серија на ексклузивен настан во Минхен. Со Kirin 990 5G Soc, револуционерни интегрирани четири камери и нејзиниот уникатен и препознатлив OLED HUAWEI Horizon екран, HUAWEI Mate 30 серијата поставува нови стандарди во секој сегмент од естетски дизајн до хардверски и софтверски иновации.

Huawei ги претстави последните серии со Kirin 990 5G верзија на IFA. Kirin 990 (5G) е првиот 5G SoC во светот. Со тоа што е најкомпактното решение во индустријата за 5G паметни телефони и со тоа што е првото решение за 5G Soc, Kirin 990 (5G) им овозможува на крајните корисници да му пристапат на одличното 5G искуство на поврзување еден чекор побрзо уште во првата година на комерцијализацијата на 5G.

На Huawei конференцијата за развој, Huawei го претстави HarmonyOS - нов microkernel оперативен систем кој што е дизајниран да донесе кохезивно корисничко искуство на сите уреди и сценарија. Преку овој лесен и компактен оперативен систем со можни функционалности, Huawei се стреми да постави интегриран и споделен екосистем на сите свои уреди.

Huawei ги претстави првиот 5G паметен телефон со двоен-модул во светот - HUAWEI Mate 20 X (5G) во Кина, по своето деби во Швајцарија во Мај. HUAWEI Mate 20 X (5G) беше првиот комерцијално достапен 5G паметен телефон кој што користи двојна чипсет конфигурација со последната генерација на 5G чипови, 7nm Balong 5000 и Kirin 980, кои ги поддржуваат SA и NSA 5G мрежите.

Продолжување на повеќегодишниот тренд на напредок, Huawei е рангиран на 61-то место на Fortune 500 листата. Рангирањето во 2019-тата година претставува скок од 11 места во споредба со 2018-тата година и 68 места скок во однос на 2017-тата година.
Годишната листа на највредните 100 Глобални Брендови според BrandZ го рангираше Huawei на 47-тото место (што е скок за едно место во споредба со 2018-тата година) со раст оф 8% во вредноста на брендот. Ова е четвртта година по ред како Huawei е во најдобрите 50 брендови на оваа листа.
Huawei ги обнови правилата на фотографијата со HUAWEI P30 серијата која го вклучува иновативниот HUAWEI SuperSpectrum сензорот, оптички SuperZoom леќи (5X оптички зум, 10X хибриден зум и 50Х дигитален зум), нова ToF (Time of Flight) камера како и подобрената оптичка и ВИ технологија за стабилизација на сликата со што се овозможува правење на неверојатни фотографии и видеа во секое сценарио.
На MWC 2019-тата година, Huawei го претстави Huawei Mate X, светскиот најбрз 5G телефон на преклоп. Со Falcon Wing Mechaniacl Hinge дизајн, 7nm повеќе-моден модем чипсет и најбрзиот во свет HUAWEI SuperCharge, HUAWEI Mate X ја освои наградата GSMA "Најдобриот Нов Поврзувачки Мобилен Уред на MWC 2019", што е највредната награта која се доделуваше.
Huawei ја претстави серијата HUAWEI Mate 20 Series со процесорот Kirin 980, најгустиот и со најдобри перформанси систем на чип (SoC) од Huawei. Оваа врвна серија опфаќа четири уреди: HUAWEI Mate 20, HUAWEI Mate 20 Pro, HUAWEI Mate 20 X и PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate 20 RS. Системот со матрица на камерата на серијата HUAWEI Mate 20 користи објектив со ултра широк агол од Leica што им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску со новата способност за макро растојание.
Huawei го зазеде 68-то место на ранг-листата на Најдобрите глобални брендови за 2018 година, објавен од Interbrand, водечка компанија за бренд-консалтинг. Huawei забележа скок од две места во споредба со 2017 година и вредноста на неговиот бренд порасна за 14% на 7.6 милијарди американски долари.
Huawei го претстави Kirin 980, првиот SoC-чипсет од 7 nm за мобилни телефони.
Според IDC, во вториот квартал на 2018 година, Huawei го зазеде второто место на глобалниот пазар за мобилни телефони.
Huawei е единствената кинеска компанија што е вклучена во годишната ранг-листа на Највредните светски брендови во 2018 година што ја составува Forbes со вкупна вредност на брендот од 8.4 милијарди американски долари.
Huawei ја претстави серијата на паметни телефони HUAWEI P20 и HUAWEI Mate RS со Porsche Design. HUAWEI P20 Pro постигна резултат од 109 на DxOMark, што беше највисока оценка дотогаш.
Huawei ги претстави HUAWEI MateBook X Pro, серијата HUAWEI MediaPad M5
Huawei ја претстави серијата HUAWEI Mate 10, што ќе ја отвори вратата за новите мобилни апликации со вештачка интелигенција со комбинирање на иновативен хардвер, чипсет Kirin 970 и EMUI 8.0.
Interbrand го објави својот Извештај за најдобри глобални брендови во 2017 година и го потврди искачувањето на Huawei на 70 позиција. Брендот беше проценет на 6,676 милијарди американски долари, што претставува раст од 14% постигнат во минатата година.
Huawei го претстави Kirin 970 на IFA 2017. Kirin 970 беше прогласен за Најдобар производ на IFA 2017 од Android Authority.
HUAWEI P10 беше прогласен за „EISA Smartphone Camera 2017 - 2018“, а WATCH 2 за „EISA Wearable 2017 - 2018“ од Европската асоцијација за слика и звук (European Imaging and Sound Association).
Испораките на паметниот телефон H1 на Huawei во 2017 година достигнаа 73,01 милиони, што претставува годишно зголемување од 20.6%.
Huawei беше рангиран на 49 место на Топ 100 највредни глобални брендови за 2017 година од Brand Z.
Forbes ја објави ранг-листата на Највредните брендови за 2017 година. HUAWEI го зазеде 88-то место со вредност на брендот од 7.3 милијарди американски долари и беше единствениот кинески бренд на ранг-листата.
Huawei го претстави часовникот од втората генерација, HUAWEI WATCH 2 и паметниот часовник од HUAWEI со Porsche Design.
Huawei ги претстави HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus. Паметните телефони нудат впечатливи бои и завршници и воведуваат нови предна и задна камера од Leica.
Huawei ги претстави HUAWEI Mate 9 и HUAWEI Mate 9 со Porsche Design во Минхен, Германија.
Huawei повторно беше вклучен на ранг-листата од Interbrand на 100 најдобри глобални брендови во 2016 година и го зазеде 72-то место што претставува скок од 16 места и беше еден од брендовите со најголем скок во категоријата за технологија.
Huawei и Leica го најавија отворањето на Лабораторија за иновации Макс Берек (Max Berek Innovation Lab) што ќе поддржува понатамошни истражувања и развој во областа на оптичките системи, виртуелната реалност, проширената реалност и технологии базирани на софтвер.
Huawei ги претстави HUAWEI Nova, HUAWEI MediaPad M3 и HUAWEI P9 во црвена и сина боја.
Huawei го воспостави екосистемот Huawei HiLink Smart Home. Беа претставени и решенијата за паметен дом Huawei HiLink, апликацијата за паметен дом и паметни производи од разни партнери.
HUAWEI P9 ја освои наградата „European Consumer Smartphone 2016 - 17“ на Наградите EISA (Европската асоцијација за слика и звук – European Imaging and Sound Association).
Huawei основа Лабораторија за математички и алгоритамски науки во Франција за да се зајакнат способностите на HUAWEI за основни науки, особено за алгоритми.
Лондон, Обединето Кралство, Huawei ја претстави првата серија паметни телефони со два објективи Leica, HUAWEI P9, и воспостави нов стандард во фотографирањето со паметни телефони.
Huawei го претстави Лионел Меси како свој амбасадор на брендот.
Huawei го претстави HUAWEI MateBook на 2016 MWC. Во меѓувреме, HUAWEI MateBook освои 15 награди.
Huawei заедно со меѓународниот луксузен бренд Swarovski го претстави првиот женски HUAWEI WATCH Jewel and Elegant со Android Wear™ на CES.
Huawei го претстави водечкиот HUAWEI Mate 8, а истиот ден го претстави и HUAWEI Watch Chinese Edition.
Huawei го претстави чипсетот HiSilicon Kirin 950. Тој е првиот комерцијален 16FF+ mobile SoC и првиот што има big.LITTLE архитектура на четиријадрен Cortex-A72 2,3 GHz заедно со четиријадрен Cortex-A53 со работен такт од 1.8 GHz.
Huawei се искачи на 88-то место на ранг-листата од Interbrand на Топ 100 најдобри глобални брендови за 2015 година.
Google го претстави HUAWEI Nexus 6P, нов уред создаден од Huawei и Google, на промотивен настан во Сан Франциско. Беше наречен „паметен телефон Android што ги доведува во искушение љубителите на Apple“.
Huawei го претстави новиот водечки паметен телефон Mate S со иновативна технологија Force Touch на IFA, во Берлин, Германија. Huawei Watch беше објавен во исто време.
Huawei P8 ја доби наградата „European Consumer Smartphone 2015 – 2016“ од EISA.
Huawei беше рангиран меѓу Топ 100 највредни глобални брендови од Brand Z и се пласираше на 16-то место кај технолошките брендови. Според Brand Z, вредноста на брендот Huawei достигнала 15.335 милијарди американски долари во 2015 година.
Huawei го претстави водечкиот паметен телефон HUAWEI P8 и HUAWEI P8max со екран од 6.8 инчи за таа година.
Huawei отвори Центар за естетика во Париз, во којшто има 10 дизајнери кои специјализираат за луксузен дизајн, мода, автомобилизам, 3D, дигитални технологии и стратегии за брендови.
Huawei ги претстави HUAWEI Watch, HUAWEI TalkBand B2 и HUAWEI TalkBand N1, фаблетот од следната генерација, HUAWEI MediaPad X2, и визијата на брендот, „Dreams Inspire Creativity“ (Соништата поттикнуваат креативност).
Huawei претстави неколку водечки паметни телефони, вклучувајќи ги HUAWEI Ascend Mate7, HUAWEI Ascend G7, HUAWEI Ascend P7 Sapphire Edition и EMUI 3.0 во Берлин, Германија.
HUAWEI Ascend P7 ја доби наградата „European Consumer Smartphone 2014 – 2015“ од EISA.
Huawei го претстави Kirin 920, водечкиот чипсет во индустријата со осум јадра.
Huawei го претстави 4G LTE HUAWEI Ascend P7, еден од најтенките паметни телефони во светот (6.5 mm).
Huawei ги претстави 7-инчниот MediaPad X1 со овозможено 4G LTE, паметниот телефон HUAWEI Ascend G6 со 4G и првиот уред за LTE Cat6 Mobile WiFi наречен Huawei E5786.
Huawei го претстави првиот HUAWEI Ascend Mate2 4G со овозможено LTE, водечки паметен телефон од високата класа со брзини до 150 Mbps, на Саемот за потрошувачка електроника во Америка.
Huawei го претстави првиот HUAWEI Ascend Mate2 4G со овозможено LTE, водечки паметен телефон од високата класа со брзини до 150 Mbps, на Саемот за потрошувачка електроника во Америка.
Huawei го претстави паметниот телефон од новата генерација HUAWEI Ascend P6 во Лондон, еден од најтенките паметни телефони во светот.
Huawei ја претстави новата кампања за брендот за потрошувачи „Make it Possible“ (Направи го возможно) на Светскиот мобилен конгрес во Шпанија.
Huawei го претстави HUAWEI Ascend P2, првиот и единствен паметен телефон со LTE Cat4, на Светскиот мобилен конгрес во Шпанија.
Huawei го претстави HUAWEI Ascend Mate со најголем екран во светот од 6.1 инчи и првиот паметен телефон со Windows Phone 8 од Huawei, HUAWEI Ascend W1, на Саемот за потрошувачка електроника во Америка.
Huawei го претстави HUAWEI Ascend D2, водечки паметен телефон од високата класа со HD 443 PPI Super Retina екран од 5 инчи на Саемот за потрошувачка електроника во Америка.
Според IDC, Huawei беше третиот најголем производител на паметни телефони во светот во четвртиот квартал.
Huawei го претстави HUAWEI Ascend D1 quad, најбрзиот паметен телефон со четири јадра во светот на Светскиот мобилен конгрес во Шпанија.
Huawei ја претстави новата серија HUAWEI P на модерни паметни телефони на Саемот за потрошувачка електроника во Америка со претставување на HUAWEI Ascend P1 S (6.68 mm) кој беше најтенок телефон во светот.
Huawei првпат ја претстави својата услуга во облак и го претстави првиот паметен телефон со овозможен облак, Huawei Vision.
Huawei продаде над еден милион паметни телефони C8500 во Кина во рок од 100 дена по официјалното претставување.
Huawei го претстави првиот паметен телефон IDEOS со оперативниот систем Android 2.2 од Google на IFA во Германија.
Вкупниот број испорачани уреди за мобилен широкопојасен интернет од Huawei достигна 100 милиони уреди.
Huawei го претстави својот прв паметен телефон со Android и ја најави соработката со T-Mobile на Светскиот мобилен конгрес во Шпанија.
E180 од Huawei беше прогласен за „Најдобар производ за мобилен широкопојасен интернет“ (Best Mobile Broadband Product) на Азиските мобилни награди.
Huawei доби светско признание за дизајнот на својот мобилен WiFi со добивањето на Red Dot Design Award за E270 и IF Product Design Award за E172.
Huawei го претстави најбрзиот и најкомпактниот HSDPA USB-модем во светот, E220, во Сингапур.
Првиот 3G мобилен телефон од Huawei, U626, ја доби наградата „Најдобар 3G паметен телефон“ (Best 3G Smartphone) од Charlton Media Group.
Huawei го основа одделот за рачни уреди.