Terms of Use

За подобро корисничко искуство, ве молиме употребете ја последната верзија на Internet Explorer или користете друг интернет пребарувач.

Популарни резултати

    Предложени резултати

      внесете повеќе клучни зборови за пребарување

      Услови за користење на официјалната веб-страница за деловни корисници на HUAWEI

      1. Услови за користење

      Условите за користење се однесуваат на веб-страницата за потрошувачите на HUAWEI (http://consumer.huawei.com/mk/index.htm). Со пристапување до оваа веб-страница, потврдувате дека ги прифаќате следните услови. Во случај да не ги разбирате или не ги прифаќате кои било од наведените услови, треба да прекинете да ја употребувате веб-страницата.

      HUAWEI го задржува правото да ги менува овие услови за користење во кое било време без претходно известување до онаа мера до која дозволува законот. Вие сте одговорни редовно да проверувате дали има какви било измени на овие услови за користење. Ако продолжите да ја употребувате веб-страницата и откако ќе бидат направени какви било измени, ќе се смета дека ги прифаќате истите измени.

      2. Информации за и објаснување на веб-страницата

      Серверот за оваа веб-страница се наоѓа во Сингапур. HUAWEI работи и управува со оваа веб-страница од своето седиште во областа Гвандонг во Сингапур. Иако до оваа веб-страница може да се пристапи од секаде во светот, достапноста на функциите, производите и услугите коишто се дискутираат, споменуваат, снабдуваат и обезбедуваат преку или на оваа веб-страница може да се разликуваат од секоја земја или регион.

      Ако изберете да пристапите до оваа веб-страница од земји или региони надвор од Кина, тоа ќе го сторите по сопствена волја и ќе го употребувате нашата веб-страница само на начин на којшто дозволуваат локалните закони.

      3. Содржина на веб-сајтот

      Сите текстови, слики, музика, видеа, анимации, трговски марки, шеми, графикони, визуелни интерфејси и кодови (во понатамошниот текст Содржина), кои ги вклучуваат, но не се ограничени на идеите, дизајнот, структурата, изразот и приказот на горенаведената Содржина, се во правна сопственост, контролирани или легитимно овластени да се употребуваат од страна на HUAWEI. Освен ако не е поинаку наведено во овие услови за користење, нема да ја употребувате Содржината од оваа веб-страница за никакви комерцијални цели на никаков начин без претходна писмена согласност од HUAWEI.

      Може да ги преземете информациите дадени на оваа веб-страница што се однесуваат на производите и услугите на HUAWEI доколку:

      1. наведените информации се употребуваат само за лични цели, а не за комерцијални цели.

      2. не се прават никакви измени на наведените информации.

      3. не се даваат никакви дополнителни изјави или гаранции во однос на наведените информации или документите што ги содржат наведените информации.

      4. не се отстрануваат, делумно или целосно, изјавите и/или известувањата коишто укажуваат на сопственоста на HUAWEI и на други лица врз законските права и интереси што се однесуваат на наведените информации.

      4. Стандарди за користење

      Оваа веб-страница и неговата Содржина не може да се употребуваат нелегално или за какви било други цели што се забранети со овие услови за користење, ниту, пак, може да се употребуваат за повреда на законските права или интереси на други лица или организации.

      Нема да употребувате уред, програма или алгоритам во која било форма, вклучувајќи пајаци, роботи, длабоки врски или софтвер за извлекување информации (page-scrapes) или идентични или слични мануелни програми за да пристапите, добиете, копирате или следите кој било дел од оваа веб-страница или неговата Содржина. Дополнително, нема да посетувате, добивате или копирате никакви материјали, документи или информации од оваа веб-страница по пат на кој било метод што не е обезбеден на оваа веб-страница.

      Нема да се обидувате нелегално да пристапите, дешифрирате или да употребувате какви било други нелегални методи за да се стекнете со неовластен пристап до оваа веб-страница, нејзината Содржина или неговите услуги. Нема да ги следите, обратно да ги пребарувате, декриптирате или дешифрирате информациите за корисниците на оваа веб-страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на идентитетите на HUAWEI за други корисници освен Вие.

      Нема да ги повредувате никои од механизмите за безбедност или мерките за автентикација што ги употребува или коишто се поврзани со оваа веб-страница. Нема да ги испитувате, скенирате или на друг начин да ги тестирате кои било од мрежните слабостите на оваа веб-страница или на оние поврзани со неа, ниту, пак, ќе ја напаѓате во каква било форма.
      Се согласувате да не употребувате никаков уред, софтвер или програма за да ја попречите или да се обидете да ја попречите редовната работа на оваа веб-страница или какви било трансакции што се вршат на неа или да ја попречите или да се обидете да ја попречите нејзината употреба од страна на други. Нема да преземате никакви постапки со кои се складираат неразумни или несразмерни количини податоци на инфраструктурата, системот или мрежата на оваа веб-страница или на системите или мрежите што се поврзани со оваа веб-страница.

      5. Сметка, лозинка и безбедност

      Можеби ќе треба да регистрирате идентитет на HUAWEI или да се најавите со вашиот идентитет на HUAWEI за да пристапите до одредени функции или услуги на оваа веб-страница. Прифаќате целосна одговорност за заштитата на доверливоста на информациите за Вашата сметка, вклучувајќи ја Вашата лозинка. Прифаќате целосна одговорност за какви било и за сите дејствија што ќе настанат на и против вашата сметка во случај да не успеете да ја одржите безбедноста и доверливоста на наведените информации.

      Ако увидите дека има неправилности и абнормалности на Вашата сметка, што вклучуваат, но не се ограничени на промена на лозинката или најава или употреба на сметката од страна на неовластени лица, веднаш треба да го известите HUAWEI. Ако вашиот неуспех да ја зачувате доверливоста на информациите за Вашата сметка доведе до тоа Вашиот профил да го користат други лица, што, пак, ќе доведе до штета за HUAWEI или за други посетители на веб-страницата, може да ја понесете одговорноста за наведената штета.

      Никогаш не употребувајте ги идентитети за HUAWEI на други лица без изречна дозвола од сопственикот на таа сметка. Ако вашиот неуспех да се придржувате кон оваа клаузула доведе до лична штета или загуба за вас самите или за другите, HUAWEI нема да ја преземе одговорноста за наведените загуби.

      6. Надворешни врски

      Оваа веб-страница може да содржи врски до веб-страници на независни трети страни. Тие врски се дадени само како олеснување за посетителите на оваа веб-страница. HUAWEI не дава никакви изречни или имплицитни гаранции во однос на Содржината, услугите и информациите што ги обезбедуваат поврзаните веб-страници, ниту, пак, треба да се смета дека врските до поврзаните веб-страници се препорачани или овластени од страна на HUAWEI. Може да ја посетите која било или сите поврзани веб-страници целосно по сопствен избор, но HUAWEI нема да преземе одговорност за исходот од таквите интеракции.

      7. Приватност

      Овој веб-сајт е предмет на Политиката за приватност на HUAWEI, за која деталите може да ги видите ако изберете „Политика за приватност“ од лентата на дното од веб-страниците на овој веб-сајт.

      Треба да се забележи дека мрежната врска и пренесените податоци меѓу Вас и оваа веб-страница ниту се комплетно безбедни, ниту се доверливи и можно е информациите и податоците што ги испраќате до оваа веб-страница да бидат пресретнати од други. HUAWEI не е во можност да ги гарантира безбедноста и доверливоста на мрежната врска и пренесените податоци меѓу Вас и оваа веб-страница.

      8. Задржување на правата

      HUAWEI го задржува правото да ги изврши следните дејствија во кое било време без да даде известување:

      1. да ја суспендира или прекине работата на или пристапот до целата или до делови од оваа веб-страница во кое било време, без разлика на причината.

      2. да ја поправи или измени целата или делови од Содржината на оваа веб-страница како и сите важечки политики, услови или клаузули.

      3. да ја суспендира работата на целата или на делови од оваа веб-страница со цел одржување, промена на грешки или други такви измени во редовни или нередовни интервали.

      9. Одрекување од одговорност

      HUAWEI НЕ ЈА ГАРАНТИРА ДОСТАПНОСТА, КОНТИНУИТЕТОТ И ПРИСТАПНОСТА НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА, НЕЈЗИНАТА СОДРЖИНА ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ УСЛУГИ. ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА И НЕЈЗИНАТА СОДРЖИНА СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ОНАКВИ КАКВИ ШТО СЕ. ВИЕ, КАКО КОРИСНИК, ЈА ПРЕЗЕМАТЕ СЕТА ОДГОВОРНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА И СИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ ПОВРЗАНИ СО НЕА. АКО НЕ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦЕЛАТА ИЛИ ОД ДЕЛОВИ ОД ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА, ЕДИНСТВЕНАТА МОЖНОСТ ЗА ПОПРАВНО ДЕЈСТВО Е ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ЦЕЛАТА ИЛИ ДЕЛОВИ ОД ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА, БИДЕЈЌИ ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ПРЕТСТАВУВА ДЕЛ ОД ВАШИОТ ДОГОВОР СО HUAWEI ВО ОДНОС НА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА.

      ИНФОРМАЦИИТЕ ОБЈАВЕНИ НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ТИПОВИТЕ ДОСТАПНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ, ШТО ВКЛУЧУВААТ, НО НЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ НА ФУНКЦИИТЕ, КОНФИГУРАЦИИТЕ, ПАРАМЕТРИТЕ, ТЕХНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ НА ПРОИЗВОДИТЕ И СОДРЖИНАТА НА УСЛУГИТЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВААТ ЗАВИСНО ОД ЗЕМЈАТА ИЛИ РЕГИОНОТ. ФУНКЦИИТЕ, КОНФИГУРАЦИИТЕ, ПАРАМЕТРИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ НА КОЈ БИЛО ДАДЕН ПРОИЗВОД МОЖЕ ДА БИДАТ ИЗМЕНЕТИ ВО РАЗЛИЧНИ ФАЗИ ОД ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ПРОИЗВОДОТ И МОЖЕ ДА Е ПОТРЕБНО ИЗВЕСНО ВРЕМЕ HUAWEI ДА ГИ АЖУРИРА СООДВЕТНИТЕ ИНФОРМАЦИИ. ПОРАДИ ТОА, МОЖЕ ДА ИМА НЕКОИ ВАРИЈАЦИИ МЕЃУ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ ШТО СЕ НАОЃААТ НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА И КОНКРЕТНИОТ ПРОИЗВОД ШТО ГО КУПУВАТЕ ИЛИ ШТО Е ВО ПРОДАЖБА НА ВАШИОТ ПАЗАР. HUAWEI НЕ ГИ ГАРАНТИРА ТОЧНОСТА, ЦЕЛОСНОСТА ИЛИ ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА СОДРЖИНАТА НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА.

      10. Ограничување на обврските

      Освен во случај кога е забрането со закон, во сите околности, HUAWEI нема да прифати одговорност за никакви индиректни, изведени, инцидентни, колатерални или казнени штети што може да настанат од употребата на оваа веб-страница, што вклучуваат, но не се ограничени на загуба на профит, дури и ако HUAWEI е веќе свесен за потенцијалните ризици.

      Ако Вашата употреба на оваа веб-страница резултира со каква било форма на штета или загуба, целосната и максимална обврска што HUAWEI и неговите партнери ќе ја преземат нема да ја надмине вкупната сума од сите надоместоци за претплата или слични надоместоци поврзани со Вашата употреба на услугите или функциите на оваа веб-страница .
      Некои правни јуриздикции не дозволуваат ограничување на обврските. Затоа, горенаведените ограничувања може да не се однесуваат на Вас.

      11. Обесштетување

      Во случај на какво било барање, загуба, обврска, предлог или трошок (вклучувајќи ги и адвокатските трошоци) на трети страни против HUAWEI кои произлегуваат од или се однесуваат на Вашето користење на оваа веб-страница, Вие се согласувате за тоа да му надоместите на HUAWEI, неговите директори, вработени, партнери и други лиценцирани лица.

      12. Независни лекови

      Клаузулите во членот 10 „Ограничување на обврските“ и во членот 11 „Обесштетување“ од овој Договор стапуваат во сила независно една од друга, дури и ако се утврди дека наведените членови и/или клаузули не се во можност да ја исполнат нивната наменета цел или да бидат законски спроведени. Во рамките дозволени со поврзаните ефективни закони, ќе важи ограничувањето на обврските предвидено во членот 10 и членот 11 од овие услови за користење, без оглед на тоа дали загубата се должи на (1) прекршување на договорот, (2) прекршување на гаранцијата, (3) грешки или прекршоци, вклучувајќи небрежност или погрешно толкување, (4) строга одговорност (5) или било кои други причини.

      13. Повратни информации

      Сите повратни информации што ќе ги оставите на оваа веб-страница ќе се сметаат дека не се доверливи. HUAWEI го задржува правото слободно да ги користи тие информации без ограничување.

      14. Прекршување на овие Услови за користење

      Се согласувате дека HUAWEI го задржува правото да Ви го прекине пристап до оваа веб-страница и/или да Ве блокира за да не може да ја посетувате оваа веб-страница во случај ако HUAWEI смета дека сте прекршиле кој било од овие услови за користење.

      Ако HUAWEI Ви го прекине пристапот до оваа веб-страница како резултат на тоа што сте ги прекршиле овие услови за користење, HUAWEI нема да преземе никаква одговорност кон Вас или кон која било трета страна.

      Се согласувате дека HUAWEI може самостојно да одлучи, без претходно известување, да Ви го прекине пристапот до сите или дел од функциите на оваа веб-страница, од причини што вклучуваат, но не се ограничени на:

      (1) како одговор на барање на агенциите за спроведување на законот или други владини институции.

      (2) како одговор на Ваше барање. (Ако побарате бришење на Вашиот идентитет на HUAWEI, може да не бидете во можност да пристапите до функциите за купување онлајн).

      (3) суспендирање или голема измена на оваа веб-страница или која било од нејзините услуги.

      (4) непредвидливи технички проблеми.

      15. Важечко право и надлежност

      Воспоставувањето, спроведувањето и толкувањето на овој Договор, како и решавањето спорови поврзани со истиот ќе бидат предмет на законите на Народна Република Кина.

      Местото на потпишување на овој Договор ќе се смета дека е областа Лонганг во градот Шенжен во Народна Република Кина. Доколку произлезе каков било спор во однос на Содржината или извршувањето на овој Договор, обете страни треба да бараат разрешување на истиот по пат на пријателски консултации. Доколку не може да се постигне спогодба преку консултации, секоја од страните може да поднесе тужба до суд со надлежност во местото на потпишување.

      16. Разно

      Овие услови за користење го сочинуваат целосниот договор помеѓу Вас и HUAWEI во однос на Вашата употреба на оваа веб-страница и тие ги заменуваат сите претходни писмени или усни спогодби меѓу Вас и HUAWEI во врска со користењето на оваа веб-страница. Без оглед на одредбите на други договори потпишани помеѓу Вас и HUAWEI, HUAWEI нема да прифати никакви контрапонуди во врска со овие услови за користење и со ова изречно ги одбива сите контрапонуди.

      Доколку HUAWEI не успее да ги поткрепи или да бара строго извршување на овие услови за користење, не треба да се смета дека HUAWEI се откажува од кои било права што се однесуваат на извршување на овие услови за користење или на самите услови за користење. Ниту една постапка поведена од страна на HUAWEI и од Ваша страна или од трета страна не треба да се смета како измена на кои било од одредбите од овие услови за користење.

      :