HUAWEI Mate 20 Pro

CO-ENGINEERED WITH

Добре дојдовте во
повисоката интелигенција

Неограничената човечка фантазија е инспирација за новиот HUAWEI Mate 20 Pro. Технолошките откритија ќе ги замаглат линиите помеѓу соништата и реалноста.

Awards

Репрезен­тативен дизајн

Естетика и иновација

Врамете го светот

Репрезентативниот квадрат што ги комбинира тројната камера Leica и еден блиц го наследува концептот на серијата Mate со камера со централен и едноставен дизајн за да создаде естетски печат на HUAWEI Mate 20 Pro. Гледајте низ прозорецот, истражете го светот.

Природно ремек дело

Внимателно создадено ремек-дело од 3D-стакло со мазни кривини и шевови што се слеваат во дизајнот. Аеродинамична симфонија во вашата дланка.

Природно ремек дело

Доловете ја светлината

Славејќи ги живописните бои на природата, HUAWEI Mate 20 Pro е достапен во четири динамични бои. Светлото се рефлектира прекрасно од заднината на полноќно-сината или од смарагдно-зелената, правејќи уникатните хипероптички шеми да блескаат. Специјална стаклена текстура којашто не се слизга и на којашто не остануваат отпечатоци од прстите.

Смарагдно-зелена
замрачена
полноќно-сина
црна
Уметничка рамнотежа Уметничка рамнотежа
Уметничка рамнотежа Уметничка рамнотежа

Уметничка рамнотежа

Like all works of art, HUAWEI Mate 20 Pro’s lines and features are symmetrically in harmony. Тенкиот дизајн прави да уживате додека го гледате и држите телефонот.

Уметничка рамнотежа

Како и сите уметнички дела, така и линиите и карактеристиките на HUAWEI Mate 20 Pro се симетрично хармонични.

Светот е вашето игралиште

Животот треба да се истражува. Земете го вашиот HUAWEI Mate 20 Pro за да се забавувате на плажа или на дождот. Рејтингот IP68 за отпорност на вода и прашина1 значи дека не треба да се грижите за натурање, прскање или потопување на телефонот.

Перформанси

Најмоќниот и најинтелигентниот, кога и да било,

Првата светска, мобилна група чипови за вештачка интелигенција од 7 nm

Технологијата за обработка на Kirin 980 од 7nm водечка во индустријата генерира директна надградба на перформансите за подобрување на брзината и ефикасноста на енергијата.

Со прифаќање на напредната и флексибилна архитектура на CPU И GPU со повеќе јадра, брзината на уредот за задачи и работа се зголеми значително. Едниот DUAL-NPU нуди бескрајно пресметување со вештачката интелигенција, а другиот се фокусира на специфични задачи за да создаде огромна ефикасност и драстично подобрено корисничко искуство.

? %
% Надградба на перформансите на CPU за2
? %
% Надградба на ефикасноста на енергијата на CPU за2
? %
% Надградба на перформансите на GPU за2
? %
% Надградба на ефикасноста на енергијата на GPU за2

Огромна брзина

HUAWEI Mate 20 Pro е светски првиот паметен телефон со 1.4 Gbps3 LTE Cat.21 којшто поддржува брзини на преземање преку WiFi и до 1733 Mbps3. Уживајте во брзата и беспрекорна поврзливост во секој момент и насекаде.

Огромна брзина

Прецизен GPS

Со истовремено подигнување на двојната фреквенција L1 и L5, HUAWEI Mate 20 Pro ви овозможува секогаш да ја наоѓате дестинацијата со поголема точност и помалку проблеми, дури и во градските центри опколени со облакодери или крстосници.

Прецизен GPS

Енергија

Подолго, побезбедно, побрзо

Огромен капацитет

Долготрајната енергија е секогаш симбол на серијата Mate. Поголемата батерија од 4200 mAh4 со попаметно управување на енергијата со вештачка интелигенција ви ги задоволува потребите за дневна работа и забава.

Огромен капацитет
0
mAh

Енергија во којашто може да верувате

40 W5 HUAWEI SuperCharge со TÜV-сертификацијата за безбеден систем за брзо полнење го прави HUAWEI Mate 20 Pro ваш моќен пријател на којшто може да му верувате. За 30 минути, може да ја наполните батеријата за 70%6.

Тројна камера Leica

Ослободете ја вашата креативност

Нова тројна камера Leica

Новата тројна камера Leica, овозможена од вештачката интелигенција, ја открива животната драма, текстура, боја и убавина во секоја фотографија што ќе ви го одземе здивот.

Дизајнирана за различни сценарија, главната RGB-леќа од 40 MP доловува одлични детали во секојдневните фотографии, телефото-леќата од 8 MP ќе се фокусира на оддалечените кадри, а целосно новата, ултра широкоаголна Leica-леќа од 20 MP е совршена за сликање пејзажи и макро-кадри.

Проширете ги вашите хоризонти

Не дозволувајте камерата да ви го ограничи погледот. Со ултра широкоаголната Leica-леќа, доловете импозантно широка перспектива, дури и од границите на тесниот простор.

Приближете се

Доловувајте ги деталите и изненадувањата што досега не можевте. Ултра широкоаголната Leica-леќа прави макро-фотографии од 2.5 cm. Откријте го светот од нова перспектива.

Приближете се

Боење фотографии со вештачка интелигенција

Препознавајќи повеќе од 1500 сценарија и 25 категории, надграденото фотографирање со вештачка интелигенција сега може да сегментира различни објекти и сцени во една фотографија. Боите, светлината и контрастот се прилагодуваат автоматски и прецизно, исто како да ја боите фотографијата, со совршена рамнотежа.

Доловете ја ноќта

Овозможен од напредната карактеристика за стабилизација на сликата со вештачка интелигенција на HUAWEI, ноќниот режим на HUAWEI Mate 20 Pro ќе направи неверојатно јасни и фокусирани рачни фотографии при слабо светло. Ноќниот режим може и да ги балансира сцените со висок контраст за да создаде неверојатни слики во секаква средина.

Кинематографија со вештачка интелигенција

Снимајте како режисер

Биометриска технологија

Отклучување на животните можности

Отклучување со 3D-лице

Скок во точноста и безбедноста. Благодарение на камерата за 3D-длабинско детектирање којашто може да проектира повеќе од 30000 точки, вашиот HUAWEI Mate 20 Pro ве препознава лесно и го отклучува телефонот за помалку од една секунда. Вашето ИД-лице може да го користите и за безбеден пристап до екраните што содржат заклучени апликации и лични податоци.

Оживејте ги вашите играчки

Скенирајте ја играчката со камерата за 3D-длабинско детектирање за да создадете подвижен модел со помош на вештачката интелигенција. Не само што може да ја фотографирате, туку може и да ја снимате како се движи и танцува на работната маса. Уживајте во интеракцијата и споделете ја со пријателите.

Покажете ја вашата забавна страна

Искажете ги вашите емоции точно со помош на забавни 3D-подвижни фаци. Исто така, обидете се да анимирате нечие лице со вашите изрази. Понекогаш, споделувањето на едноставните работи носи најголеми насмевки.

Отпечатоци од прстите на екранот

Со помош на ергономскиот дизајн и технологијата за динамично детектирање на притисокот, треба само да го подигнете прстот и да го допрете екранот. Тој веднаш ќе се отклучи безбедно.

EMUI

Дозволете природата да ви биде придружниот во квалитетниот живот

Прегрнете го реалниот живот

Откријте ги деталите на природата и одразете ги во новиот EMUI 9.0. Поедноставете ги интерфејсот и интеракцијата со цел да ви понудиме напредно и мазно мобилно искуство што се поврзува лесно со вашиот реален живот.

Безжично проектирање

Ослободете се од жиците. HUAWEI Mate 20 Pro ви овозможува веднаш да проектирате презентации, игри или видеа на поголем екран9, зголемувајќи ја забавата. Во овој компјутерски режим, сѐ уште ќе може да испраќате пораки или да упатувате телефонски повици независно, со добро заштитена приватност.

Додатоци

Биди единствен

Дизајниран за вас

Дизајнирани се најразлични високо квалитетни маски за различни ситуации и потреби за да може да го направат HUAWEI Mate 20 Pro да ви биде најдобар пријател.

  1. Рејтингот е заснован на тестирање кое е извршено со потопување на телефонот во свежа вода со длабочина до 1.5 метри и со времетраење најмногу до 30 минути.
  2. Сите податоци и референтни резултати се засноваат на внатрешно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во различни средини.
  3. Податоците се засновани на теоретска пресметка. Перформансите може да се разликуваат во зависност од реалната средина и мрежата на корисничкиот оператор. Се разликува според моделот и верзијата во различните држави.
  4. Типична вредност. Врз основа на резултатите од лабораториските тестирања на HUAWEI. Долготрајноста на батеријата зависи од нејзиното користење.
  5. Максимални податоци. Достапно само со полначот и кабелот на 40 W HUAWEI SuperCharge.
  6. Врз основа на резултатите од лабораториските тестирања на HUAWEI. Средина за лабораториско тестирање: температура од 25 °C, релативна влажност: од 45% до 80%. Со користење на полначот и кабелот на HUAWEI 40 W SuperCharge, телефонот беше наполнет од 1% енергија со статус на мирување на 4G-мрежата.
  7. Максимални податоци. Достапно само со полначот и кабелот на 15 W HUAWEI Wireless Quick Charge. Се продава одделно.
  8. Не важи за сите уреди што поддржуваат безжично полнење.
  9. Поддржани екрани со Miracast.

HUAWEI Mate 20 Pro ПЛАНОВИ ЗА ПАРТНЕРИ

: