HUAWEI Sound Joy

HUAWEI Sound Joy key vision
HUAWEI Sound Joy key vision
  • 26 часа работа2
  • |
  • Четири единици Devialet 4 за јасен звук1
  • |
  • Допри за пуштање музика3
Пренослив,
стилски дизајн
HUAWEI Sound Joy Portable Stylish Design EN
26 часа работа2
HUAWEI Sound Joy 26 Hour Playback
HUAWEI Sound Joy Devialet Speakers
79 dBA @ 2 м Devialet 4 звучници1,4
HUAWEI Sound Joy Devialet Speakers
HUAWEI Sound Joy Devialet Speakers
Допри за пуштање музика3
HUAWEI Sound Joy Tap To Play
Ослободи ја музиката
HUAWEI Sound Joy Compact Design
Компактен,
подготвен за патување
Искусете го звукот на слободата со HUAWEI Sound Joy. Преносливиот уред со пригоден ремен лесно се совпаѓа во вашиот ранец или корпа за шишиња на велосипедот и подготвени сте се за нова авантура во музиката.
HUAWEI Sound Joy Colourful Design
Разнобоен,
стилски дизајн
Одберете од двете достапни бои: Obsidian Black и Spruce Green.
Светла музика и енергија
"Осветлете" ги вашите омилени мелодии со разнобојниот прстен на HUAWEI Sound Joy5. Погледнете го нивото на јачината на звукот и следете го траењето на батеријата според изгледот на прстенот.
Направен од вистинските материјали
Специјалната ткаенина околу уредот HUAWEI Sound Joy нуди извонреден, динамичен изглед и обезбедува поудобен допир. Исто така, обезбедува цврста заштита за сите ваши патувања на отворено, и уште поважно, дозволува звуците да се со вистинскиот волумен.
HUAWEI Sound Joy Fabric
Сертифициран со IP67 сертификат за водо-отпорност6, HUAWEI Sound Joy може да ги издржи речиси сите временски услови, како и да остане заштитен до 1 метар вода.
HUAWEI Sound Joy IP67
*Оваа рекламна слика е само за референца.
Слушни го звукот со Devialet
HUAWEI Sound Joy Powerful Sound
Јасен и силен звук
HUAWEI Sound Joy има гласни 79 dBA @ 2 м Devialet двонасочен систем на звучници4 и Devialet SAM® технологија за усогласување на сигналот и звучниот излезен притисок. Моќниот бас на звучникот со целосна фреквенција и тонови на високотонецот го исполнуваат секој агол од забавата.
Високи високотонци, ниски басови
Пасивна мембрана со симетрично оптоварување

Пасивната мембрана со двојно „притискање“ дополнително ја подобрува чувствителноста и проширувањето на ниска фреквенција, со максимален опсег до 16 мм,7 обезбедувајќи подобра стабилност на уредот и обезбедувајќи вашата музика да е чиста и со низок шум дури и при високи тонови.

20 W комбинирана дијафрагма од јаглеродни влакна7

Звучникот со целосна фреквенција од 20 W користи специјално дизајнирана дијафрагма од јаглеродни влакна за да им помогне на бас фреквенциите до 50 Hz (-10 dB) да звучат побогато7.

10 W високотонци како свила7

Уредот е збогатен со Devialet за исклучителна јасност дури и при многу висока јачина на звук, а високотонците од 10 W нудат фреквенции до 20 kHz (-10 dB)7.

Дајте живот на вашата музика
Пуштете ја омилената
песна повеќе пати
Нека трае музиката, без разлика колку далеку патувате, со континуирана репродукција преку Bluetooth од 26 часа2 со едно полнење на 8800 mAh батеријата8.
HUAWEI Sound Joy Long Battery Life
26 часа
работа
8800 mAh
батерија
HUAWEI Sound Joy Fast Charging
Движи се брзо, наполни го звучникот уште побрзо
40 W супер-брзото полнење9 ви овозможува да го полните уредот во движење, за цел час музика доволно е само кратко полнење од 10 минути10.
Убавината на Bluetooth 5.2
Bluetooth 5.2 генерира повисок квалитет на звукот, како и помала потрошувачка на енергија и латентност.
HUAWEI Sound Joy BT
Висок
квалитет
Подолго
траење на батеријата
Подолга
трансмисија на дистанца
Постабилен
сигнал
Звучи попамтено
Shake Stereo Link Up
Поврзете 2 единици со тресење на уредот за да создадете стерео звук до побогати и просторни звучни ефекти. Вашата забава ќе биде незаборавна со громогласен бас и кул трепкачки светла во боја.
HUAWEI Sound Joy Shaking Pairing
Допри за пуштање музика

Треба само да го допрете телефонот за брзо да го пренесете звукот3. Подгответе се да ги доживеете вашите омилени песни на нов начин.

HUAWEI Sound Joy One Touch Transfer

Автоматско откривање

Уживајте во брзото поврзување со вашите уреди преку функцијата Автоматско откривање11. Само приближете го телефонот, таблетот или лаптопот кон HUAWEI Sound Joy и допрете го поп-ап прозорец на уредот за да се поврзете. Добијте поголем, подобар звук кога остварувате повици, играте или гледате филм.
HUAWEI Sound Joy Auto Discovery
HUAWEI Sound Joy Auto Discovery
HUAWEI Sound Joy Auto Discovery
Mobile Tablet PC
HUAWEI Watch Control
Вклучете го и вашиот HUAWEI Watch во поврзувањето. Откако ќе се поврзете, можете да ја контролирате јачината на звукот и да ги прескокнувате песните12 со движење на вашиот зглоб.
HUAWEI Sound Joy Watch Control
Voice Assistant Pod
Допрете го копчето на voice assistant за да ја активирате истата функција на вашиот телефон13 и запишувајте белешки, потсетници, итн.
HUAWEI Sound Joy Voice Assistant
  1. Quad Speakers се состојат од 1 звучник со целосна фреквенција, 1 високотонец и 2 пасивни мембрани.
  2. Податоци од лабораториите на Huawei. Вистинските податоци може да се разликуваат поради јачината на звукот на звучниците, типовите музика, ефектите на осветлувањето на звучниците и звучните ефекти. Сите податоци се предмет на вистинска употреба.
  3. Опцијата Допри и пушти музика е поддржана од паметни телефони со Android 5.1 или понови, со NFC функција. Телефоните со iOS не се поддржани.
  4. Податоци од лабораториите на Huawei. Максималната гласност измерена на растојание од 2 m е 79 dBA.
  5. Прстенот со повеќе бои е стандардно оневозможен. Притиснете и задржете го копчето за пауза 3 секунди за да се вклучи.
  6. Овој звучник не е професионален водоотпорен звучник. Тој е отпорен на прскање, отпорен на вода и прашина за типична употреба, а тестиран е под контролирани лабораториски услови за да се постигне рејтинг IP67 според стандардите IEC 60529. Неговата отпорност на прскање, вода и прашина не е постојана и ефективноста на заштитата може да се влоши поради секојдневното абење и кинење. Не го полнете звучникот во влажни услови, а оштетувањето поради потопување во течност не е покриено со гаранцијата. Водоотпорни услови за IP67 се (1) мирна и чиста вода, длабочина на вода под 1 метар; (2) време за тестирање 30 минути; (3) разликата помеѓу температурата на водата и температурата на производот не е поголема од 5 Целзиусови степени.
  7. Податоци од лабораториите на Huawei.
  8. Типична вредност.
  9. Поддржува брзо полнење до 40 W според протоколите SCP 2.0 и PD 3.0. Се препорачува да се користи кабелот за полнење што доаѓа со звучникот. Полнењето е исто така компатибилно со 5V/2A, 9V/2A и 10V/4A.
  10. Кога звучникот е во режим на подготвеност или исклучување, полнете 10 минути користејќи брзо полнење од 40 W што ги поддржува протоколите SCP 2.0 и PD 3.0, а звучникот може да се користи 1 час во стандардната состојба.
  11. Автоматското откривање преку телефони и таблети е поддржано само на телефоните и таблетите на Huawei со Harmony OS 2 или понова верзија. Моделите на компјутери кои поддржуваат автоматско откривање се: HUAWEI Matebook D 16 (AMD), HUAWEI Matebook 13 2021, HUAWEI Matebook 14 2021 и HUAWEI Matebook X pro 2021. Функцијата бара и официјална надградба на софтверот на споменатите модели на компјутери , погледнете на Huawei.
  12. Може да го допрете вашиот часовник HUAWEI за да префрлите музика на звучникот. Часовниците на HUAWEI што ја поддржуваат оваа функција се: HUAWEI WATCH GT 2 pro, HUAWEI WATCH 3 и HUAWEI WATCH GT 3. HUAWEI WATCH 3 поддржува музика и контрола од телефоните на Huawei (со EMUI 12 или погоре), па така го контролира и звучникот.
  13. Поддржано само од телефони со функција за гласовен асистент.
Напуштање на customers.huawei.com
Откако ќе кликнете на линкот, ќе влезете во веб-страница управувана од трета страна. Huawei не е одговорен и нема контрола врз оваа веб-локација управувана од трета страна.
Врати се Продолжи