HUAWEI Band 7

Ултра-тенок дизајн | Автоматско SpO21 | Траење на батеријата од 2 недели2
HUAWEI Band 7
Целосно нов излгед без рамки
HUAWEI Band 7
Безгранична моќ
во тенок пакет
Неверојатниот AMOLED дисплеј изгледа како да лебди во воздухот, седи на ременот кој многу дише и лесно се обвиткува околу зглобот. Ултра тесните рамки ја прикажуваат содржината на екранот, привлекувајќи внимание на услугите и функциите што ги сакате.
HUAWEI Band 7 fullView display 2
Големина на екран
1.47 инчи
Дебелина
9.99 мм
Тежина3 (без ремен)
16 гр
*Податоците доаѓаат од лабораториите на Huawei. Дебелината на телото е намалена за 1 мм, а тежината за 2 гр, во споредба со претходната генерација на HUAWEI Band 6.
Подобрете го вашиот стил
Боите Graphite Black, Wilderness Green и Nebula Pink ќе го претворат вашиот зглоб во палета на вкусови и нијанси на животот.
Wilderness Green
Nebula Pink
Graphite Black
HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour
HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour
HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour HUAWEI Band 7 colour
Поставете го најдобриот избор
Со повеќе од 4000 извонредни дизајни за избор,4 и Always On дисплејот (AOD) што ги прикажува клучните информации кога екранот е исклучен. Сјајот во твоите очи е секогаш оддалечен на само еден поглед!
HUAWEI Band 7 watch face
HUAWEI Band 7 watch face
Најчести дизајни
AOD дизајни
Следи ја месечината
од твојот зглоб
Новиот часовник прикажува осум лунарни фази, како што се млада месечина, полна месечина и прва четвртина, така што романтиката на ноќта никогаш нема да биде надвор од дофат.
HUAWEI Band 7 moon dial
Постави ја твојата омилена фотографија
Претворете ја драгоцената слика во незаборавен дизјан на часовникот, преку апликацијата HUAWEI Health, за да го гледате саканото милениче, важно сеќавање или ваша фотографија, на вашиот зглоб.
HUAWEI Band 7 custom dial
Батерија што трае
Батеријата е повеќе од опремена да се справи со службени патувања и одмори, работи до две недели во типични сценарија за користење2, и до 10 дена со честа употреба2 Ексклузивното брзо полнење на HUAWEI може да ви го даде потребниот поттик кога ќе бидете притиснати за време, одржувајќи два дена употреба со само петминутно полнење5!
HUAWEI Band 7 2 week battery life 2
Health и Fitness Tru
Series технологии
HUAWEI Band 7 Tru
HUAWEI Tru Seen™ 4.0 HUAWEI
TruSeen™ 4.0
Го следи вашиот ритам
HUAWEI Band 7 поддржува автоматски SpO21 и следење на отчукувањата на срцето, овозможено со хардверот HUAWEI TruSeen™ 4.0 и паметниот алгоритам за заштеда на енергија, што автоматски вибрира за да ве предупреди ако нивото на кислород во крвта или отчукувањата на срцето се оддалечуваат од здравиот опсег.
HUAWEI Band 7 truseen HUAWEI Band 7 truseen
HUAWEI Band 7 truseen HUAWEI Band 7 truseen
HUAWEI Tru Sleep™ 2.0 HUAWEI
TruSleep™ 2.0
Спијте мирно цела ноќ
HUAWEI TruSleep™ 2.0 тракерот го става вашиот сон како приоритет број еден, идентификувајќи шест главни проблеми поврзани со спиењето, притоа нудејќи над 200 предлози засновани на наука - за да можете вистински да се одморите!
HUAWEI Band 7 trusleep HUAWEI Band 7 trusleep
HUAWEI Band 7 trusleep HUAWEI Band 7 trusleep
HUAWEI TruSport™
Повеќе начини да бидете раздвижени
96 мотивирачки режими на вежбање што ги покриваат активностите што најмногу ги сакате, и многу повеќе, од трчање до возење велосипед* до пливање… до јога! Фитнес системот HUAWEI TruSport™ ги следи метриките на високо ниво, како што се индексот на способност за трчање, VO2Max, времето за опоравување и ефектот на тренирање, со совети засновани на податоци и ангажирани задачи TriRing6
*Возење велосипед на отворено е поддржано само за телефони што поддржуваат GPS и работат на EMUI 5.0/iOS 9.0 или понова верзија.
HUAWEI Band 7 96 workout modes HUAWEI Band 7 96 workout modes
HUAWEI Band 7 96 workout modes HUAWEI Band 7 96 workout modes
HUAWEI Band 7 96 workout modes HUAWEI Band 7 96 workout modes
HUAWEI TruRelax™
Лесно до целосно релаксирање
HUAWEI Band 7 е дизајниран за тело, ум и душа. Набљудувањето на стресот на HUAWEI TruRelax™ доаѓа со смирувачки вежби за дишење за да ве доведат во зоната на удобност на момент и Healthy Living Shamrock7 нуди навремена хидратација и потсетници за лекови, така што сигурно ќе се чувствувате одлично во текот на денот.
HUAWEI Band 7 trurelax HUAWEI Band 7 trurelax
HUAWEI Band 7 trurelax HUAWEI Band 7 trurelax
HUAWEI Band 7 trurelax HUAWEI Band 7 trurelax
Вашиот сенаменски
паметен асистент
HUAWEI Band 7 ве одржува активни во вашиот живот, обезбедувајќи директен пристап до најважните функции на телефонот, како што се дојдовни повици и пораки, временска прогноза и музички контроли8. Можете дури и да ја користите нараквицата за да направите слика од вашиот телефон9, или да враќате на пораки10!
HUAWEI Band 7 nfc2
Многу корисна
HUAWEI Band7 Пронајди го мојот телефон Лесно лоцирајте го телефонот со пуштање звук на него преку нараквицата
HUAWEI Band7 Допри за да се вклучи екранот Добијте клучни пораки на прв поглед, со допирање за да го разбудите екранот
HUAWEI Band7 5 ATM водоотпорност11 Водоотпорност од 50 метри, да се нурне далеку под површината
HUAWEI Band 7
  • Заситеноста на крвта со кислород се однесува на делот на хемоглобинот заситен со кислород во однос на вкупниот хемоглобин во крвта. Овој производ не е медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, лекување или спречување на која било болест. Достапноста може да варира во зависност од регионот.
  • До 14 дена траење на батеријата во типични сценарија за користење: Типични сценарија за употреба:
    следење на отчукувањата на срцето: секогаш вклучено; HUAWEI TruSleep™: вклучено ноќе; тренинзи: во просек 30 минути неделно; известувања за пораки: вклучено (50 пораки, 6 повици и 3 аларми дневно); екран: се вклучува 200 пати на ден. Податоците доаѓаат од лабораториите на Huawei. Вистинската употреба може да варира поради разликите во производите, навиките на корисниците и околината.
    До 10 дена траење на батеријата при чести сценарија за користење: Сценарија за тешка употреба:
    следење на отчукувањата на срцето: секогаш вклучено; HUAWEI TruSleep™: вклучено ноќе; тренинзи: во просек 60 минути неделно; известувања за пораки: вклучено (50 пораки, 6 повици и 3 аларми дневно); екран: се вклучува 500 пати на ден. Податоците доаѓаат од лабораториите на Huawei. Вистинската употреба може да варира поради разликите во производите, навиките на корисниците и околината.
  • Вистинските карактеристики и спецификации на производот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на изгледот, бојата и големината), како и реалните содржини на екранот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на позадини, интерфејс и икони) може да се разликуваат.
  • Лицата на часовникот може да се преземат од продавницата на HUAWEI Watch Face. За некои дизајни на часовникот треба да се плати.
  • Податоците за брзото полнење и траењето на батеријата доаѓаат од лабораториите на Huawei. Уредот може да се користи до 2 дена во типични сценарија на употреба. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од навиките за користење.
  • Проценките и предлозите за вежбање, вклучително и VO2max, нивото на замор и стресот од тренингот, ќе варираат во зависност од интензитетот и видот на тренингот.
  • Оваа функција е моментално достапна за телефони, а во иднина ќе биде достапна за нараквиците преку OTA ажурирање.
  • Контролите за музика се поддржани само за телефони со Android 6.0 или понова верзија.
  • Далечинското фотографирање е поддржано само за телефони со EMUI 8.1 или понова верзија.
  • Брзиот одговор на пораките е поддржан само за телефони со Android 7.0 или понова верзија. Оваа функција е достапна преку OTA ажурирање.
  • Уредот е во согласност со 5 ATM-водоотпорност од 50 метри според стандардот ISO 22810:2010 и може да се носи за време на активности на плитка вода, како што се пливање во базени или плитка крајбрежна вода.
    Не треба да се носи во топли тушеви, топли извори, сауни (парни соби), ниту додека се нурка, длабоко нуркање, нуркање од платформа, плакнење под висок притисок или додека сте вклучени во активности кои подразбираат висок притисок на вода, високи температури, високи нивоа на влажност или брз проток на вода. Кожните и металните ремени не се погодни за сценарија за пливање и потење. Доколку имате такви барања, се препорачува да носите други видови ремени.
    Посетете ја официјалната веб-страница на Huawei за повеќе информации за водоотпорноста. Водоотпорноста не е постојана, а заштитата може да се намали со секојдневно носење.
  • Овој производ не е медицински уред и податоците од мониторингот, резултатите и предлозите се само за референца и не се наменети за дијагностичка или медицинска употреба.
  • Цената е само за референца. Вистинската цена е предмет на приказот на производот VMALL.
Напуштање на customers.huawei.com
Откако ќе кликнете на линкот, ќе влезете во веб-страница управувана од трета страна. Huawei не е одговорен и нема контрола врз оваа веб-локација управувана од трета страна.
Врати се Продолжи