HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Key Vision
Кога модерната технологија се среќава со класичната изработка на керамика, стилската креација открива безвременска естетика, што ви носи освежувачка модна изјава на вашиот зглоб.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Key ID

Аксесоар што го запира здивот и
сигурно ќе ве воодушеви

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic ID Creative Shot
Препознатливата бела керамичка кутија е незаборавна на прв поглед. Овој часовник се изработуваше на екстремно висока температура од 1500 °C и е завршен со полирање со дијамантски прав за да се постигне чисто-бела и беспрекорна текстура - фасцинантен за гледање, и удобен на зглоб.

Крунисајте го вашиот стил

Нанокристално керамичко тело
Сафирен бројчаник на часовникот2
Белата нано-керамика и бројчаникот од сафирно, кристално стакло ви носи уникатен изглед за секоја прилика.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Ceramic Material
Рамка од
нерѓосувачки челик
Инспирирани од промените,
24те нерамнини како бранови одат нагоре и надолу,
пренесувајќи ја
разликата
помеѓу
денот и ноќта.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Stainless Steel Bezel
Сферична керамичка ротирачка круна
Метално копче
Изрезбаната круна од нерѓосувачки челик содржи елегантно метално копче во боја, со сферично керамичко вградување од едната страна за да даде доза на стереоскопска елеганција.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic buttons
Интегриран CaseBack
Сафирното стакло со висок пренос2 ги прави попрецизни мерењата на сензорот со висока прецизност и е интегриран со керамичките материјали за уредно и удобно носење.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic backcase

Безвременски изглед,
бескраен шарм

Дизајнот со светло златна рамка на бела керамичка лента и сребрена рамка на бела кожна лента,3 остава впечаток и шарм за сите времиња.

Промена со
класичен шик

Истражете низа уникатни дизајни на часовникот, особено ексклузивната тема „Ден и ноќ“ што се менува на изгрејсонце и со фазите на месечината. Часовникот исто така поддржува прикажување на времето со исклучување на екранот, приспособен дизајн со лик од галеријата на вашиот телефон и други функции. Откријте повеќе на Huawei Watch Face Store.4
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Daylight Dials
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Daylight Dials
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Daylight Dials
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Night Dials
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Night Dials
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Night Dials
следење на вашето здравје

ЕЦГ анализа, која не пропушта ниту едно отчукување на срцето1

Апликацијата ЕЦГ располага со модул со сензор за ЕЦГ со високи перформанси кој нуди едноканални ЕЦГ мерења, анализа во реално време, синусен ритам и атријална фибрилација*. На овој начин останувате информирани и проактивни за сериозните ризици по здравјето на вашето срце. Напредната технологија на електроди го прави ЕКГ-сигналот појасен и попрецизен со додавање на електроди обложени со PVD на заоблениот, проѕирен сафирен грб на паметниот часовник, што резултира со удобно, цврсто вклопување на кожата. Само допрете ја електродата 30 секунди која се наоѓа од страна на паметниот часовник, а резултатот во реално време ќе се прикаже на часовникот по мерењето.

*Оваа апликација не е медицински уред. Податоците добиени за време на употребатана оваа апликација се само за референца и не треба да се користат за медицински истражувања, дијагнози или третмани. Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Health ECG

Паметно следење на
отчукувањата на срцето,
со известувања во реално време

HUAWEI TruSeen™ 5.0+ технологијата за следење на отчукувањата на срцето распоредува осум фотоелектрични сензори во формација на прстен, за снимање на подобрени сигнали. Сосема новиот алгоритам ги филтрира пречките, за прецизно следење на срцевите откчукувања. Можете дури и да го следите вашиот пулс 24/7, со известувања во реално време секогаш кога пулсот ќе се зголеми или намали.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Health Heart Rate
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Health Heart Rate

Следете ја вашата добросостојба

Со мерење на SpO2,5 овозможено од HUAWEI TruSeen™ 5.0+ технологијата за следење на отчукувањата на срцето,5 можете да бидете сигурни знаејќи дека кога станува збор за HUAWEI WATCH GT 3 Pro, грижата е секогаш на прво место!
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Health SPO2 Analysis

Добро подготвени за
месечниот циклус

Следете го вашиот месечен циклус6 и проценете го датумот на овулација со овој паметен часовник. HUAWEI WATCH GT 3 Pro може да ви испраќа потсетници според записите и да ви помогне да се подготвите за овие денови.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Period Menstruation

Пријател кој се
грижи за вас

HUAWEI TruSleep™ 2.0 алоритам за следење на спиењето

ги идентификува клучните состојби на спиење, со резултати за квалитет на спиење и персонализирани совети за тоа како да го добиете најдобриот ноќен одмор.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Sleeping Management

Следење на стресот7

е при рака да ги следи и управува со сите дневни искушенија и неволји, со смирувачки вежби за здив кои ќе ви помогнат да го олесните вашиот ум.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Pressure Management

Задачи за одржување на навиките за здрав живот8

за вашата благосостојба, што се ориентиран кон целта, од спиење до пиење вода до вежбање - и многу повеќе!
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Daily Goals
Обучени за подобро

Истражувајте нови,
подводни чуда

HUAWEI WATCH GT 3 Pro доаѓа со 5 ATM оценкa за отпорност на вода и издржа неверојатни 200 циклуси на притисок на водата, така што поддржува слободни нуркања до 30 метри,9 што го прави совршен придружник за сите ваши подморски авантури.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Diving Creative Shot
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Watch
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Diving Data
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Diving Warning
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Diving Training
Часовникот прикажува податоци за нуркање во реално време

вклучувајќи ја брзината, длабочината и времетраењето на нуркањето.

Вклучува херметички безбедносни потсетници

како автоматски потсетници ако се спуштате премногу длабоко или предолго.

Режим на обука за апнеа

Режимот за обука за апнеа го снима пулсот, времетраењето на задржувањето на здивот и времето на започнување на контракцијата на дијафрагмата, за да помогне подолго да го задржите здивот10, така што ќе бидете подобро подготвени за подводни предизвици.

Станете професионалец
во голф

Часовникот ги снима професионалните податоци на вашето движење при голф, како што се брзината, темпото, времето, и обезбедува режим на опсег што го следи ова движење до последниот детаљ, со практични демо снимки и совети за да ја подобрите техниката за голф!
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Golf Training Mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Watch
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Golf Training Mode

100+ режими за вежбање

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic 100+ sport mode
Со повеќе од 100 тренинзи за избор - трчање, возење велосипед, планинарење, пливање во затворен простор, скијање и повеќе - можете да тргнете на отворен пат или да испробате нова патека, само со еден допир на екранот! Метриката за трчање водена од податоци, вклучувајќи индекс на способност за трчање, притисок за тренирање и оптоварување на тренинг, како и совети, ви помагаат да ги максимизирате перформансите без да го преоптоварувате вашето тело, а рутите за трчање имаат можност да се споделат.
Повеќе забавни опции
Активирајте ја камерата на вашиот телефон со функцијата за далечинска бленда11
и доловете незаборавни моменти со неколку едноставни допири на вашиот зглоб.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Camera
Богатство од апликации од трети лица12 достапни за преземање преку Watch AppGallery, сѐ што ви треба може да се пристапи само со едно движење на зглобот.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic App Market
Одговарајте на Bluetooth повиците директно на вашиот часовник Одговарајте и одбивајте ги дојдовните повици, испраќајте прилагодени брзи одговори и прегледувајте ги повиците, за да останете активни дури и кога телефонот не ви е при рака.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic BT Calling
Слушајте во движење Часовникот може да синхронизира плејлисти од вашиот телефон и сам да ги пушта омилените мелодии за време на вежбањето.13 Затоа, ставете слушалки и движете се.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Music
Часовникот беспрекорно се поврзува со паметни уреди Од уреди на Huawei, до телефони со iOS и Android,14 ќе работи беспрекорно од вашиот зглоб.
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Multi Devices Support
HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic
Поврзете се со вашиот телефон
Апликацијата HUAWEI Health е компатибилна и со уредите со Android и со iOS. Кликнете на копчето подолу и научете како да се поврзете со вашиот паметен телефон!
HUAWEI Watch 3 series HUAWEI Health App
HUAWEI Watch GT 3 health app
Кој часовник 
би го сакале?

HUAWEI WATCH GT 3 Pro (46 mm)

HUAWEI WATCH GT 3 Pro (43 mm)

HUAWEI WATCH GT 2 Pro

HUAWEI WATCH GT 3 46 mm / 42 mm

Преден дел

Титаниум

Керамика

Титаниум

Нерѓосувачки челик

Заден дел

Керамика

Керамика

Керамика

Пластика

Ремен

Титаниум / Кожа / Флуороеластомер

Керамика / Кожа

Кожа / Флуороеластомер

Нерѓосувачки челик / Милански начин на изработка на ремен / Кожа / Флуороеластомер

Материјал на дисплеј

Сафирно стакло

Сафирно стакло

Сафирно стакло

Горила стакло

Резолуција

466 x 466

466 x 466

454 x 454

466 x 466

GPS

Двоен-опсег, Пет-системи GNSS

Двоен-опсег, Пет-системи GNSS

Еден-опсег, Два-системи GNSS

Двоен-опсег, Пет-системи GNSS

Следење на
отчукувањата
на срцето

HUAWEI TruSeen™ 5.0+

HUAWEI TruSeen™ 5.0+

HUAWEI TruSeen™ 4.0+

HUAWEI TruSeen™ 5.0+

Траење на батеријата

До 14 дена

До 7 дена

До 14 дена

До 14 / 7 дена

Оценка за вода

Нуркање (до наведената длабочина во метри)

Нуркање (до наведената длабочина во метри)

5 ATM, Пливање

5 ATM, Пливање

Мерење на млечна киселина

Да

Да

Не

Не

Режим на слободно нуркање

Да

Да

Не

Не

Управување со женски
циклус 2.0

Да

Да

He

He

Одговор на порака

Да

Да

He

Да

Повик преку Bluetooth

Да

Да

He

Да

Повик преку Bluetooth

Да

Да

Да

Да

  1. Апликацијата ЕЦГ е наменета за употреба на лица постари од 18 години и не треба да се користи за никакви дијагностички цели. Апликацијата ЕЦГ не може да дијагностицира срцеви заболувања или да препознава знаци на срцев удар. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите или да преземаат клинички мерки без консултација со квалификуван здравствен работник. Пред да ја користите апликацијата ЕЦГ, внимателно прочитајте ги упатствата.
    Апликацијата ЕЦГ не е наменета да ги замени традиционалните методи на дијагноза или третман од квалификуван медицински професионалец. Ако мислите дека ви треба итна медицинска помош, веднаш контактирајте ги локалните служби за итни случаи за дијагноза и упатување.
    НЕ менувајте ги вашите лекови или дози без претходно да се консултирате со вашиот лекар.
    Се согласувате да ја користите оваа ЕЦГ апликација во согласност со сите Вам достапни упатства. Секоја апликација, функција, карактеристика, или компонента кои се достапни преки ЕЦГ апликацијата може да имаат засебни упатства за користење (вклучително, без ограничување, барање да се прекалибрира апликацијата). Се согласувате да ги прочитате и почитувате пишаните применливи упатства за користење пред употребата на таквата апликација, функција, карактеристика, или компонента.
    Апликацијата ЕЦГ не треба да се користи за дијагностички цели, ниту треба да се прифаќа за замена за примарна здравствена грижа од доктор и не може да детектира срцев удар, тромб или мозочен удар. Доколку не се чувствувате добро или имате било каков симптом од погоре наведените состојби, веднаш побарајте медицинска грижа. Доколку сметате дека се работи за итен случај, упатете се во најблиската служба за итна помош.
    Се согласувате да не ги толкувате информациите достапни преку ЕЦГ апликацијата како дијагностички информации, и се согласувате да не превземате клиничко лекување врз основа на тие податоци без претходно да се консултирате со стручно лице-доктор по медицина.
    Се согласувате дека користењето на ЕЦГ апликацијата е на Ваш личен ризик. Запознаени сте со фактот дека ЕЦГ Апликацијата не е наменета за следните примени:
    (а) да дијагностицира состојби на срцето или да бара знаци на срцев удар
    (б) да замени професионални методи на дијагностика или лекување од страна на стручно лице- доктор по медицина.
    (в) за луѓе кои имаат вграден пејсмејкер, вграден срцев дефилибратор, или други вградени електрични помагала.
    (г) доколку имате состојба на аритмија освен онаа на атриална фибрилација.
    (ж)во итни медицински случаеви или случаеви на итна потреба од медицинска грижа
    (з)да пренесува здравствени информации осетливи на време.
    НЕ ГИ менувајте Вашите лекови или дози без претходно да се советувате со Вашиот доктор.
    Huawei не дава гаранции дека било која информација кој ќе ја добиете преку ЕЦГ апликацијата е доволно точна, сигурна, или соодветна за да биде употребена како алатка за дијагностика или терапија.
    Huawei изречно одбива било каква одговорност која ќе произлезе од било какви дијагнози, следење, детектирање, третман, или активност засновани врз информациите понудени или обезбедени преку ЕЦГ апликацијата.
  2. Материјалот е вештачко сафирно стакло.
  3. Нестандардните ремени треба да се купат посебно.
  4. Дизајните на часовникот може да се преземат од Huawei Watch Face Store. Некои дизајни не се бесплатни.
  5. Заситеноста со кислород (SpO2) е количината на хемоглобин заситен со кислород во однос на вкупниот хемоглобин во крвта, или концентрацијата на кислород во крвта. Заситеноста со кислород во крвта автоматски се открива при мирување. Овој производ не е медицински уред. Податоците и резултатите од мониторингот се само за пример и не се користат за дијагноза и медицински цели.
  6. Овој производ не е медицински уред. Содржината на пораката е само за пример и не треба да се користи за клиничка дијагноза.
  7. Вашиот притисок автоматски ќе се мери додека сте во мирување. Мерењето во активна состојба не е поддржано. Овој производ не е медицински уред. Податоците и резултатите од мониторингот се само за пример, а не за дијагностичка или медицинска употреба.
  8. За Healthy Living е потребна апликацијата Huawei Health.
  9. Овој производ е во согласност 5 ATM оценкa за отпорност на вода од 50 метри според ISO 22810:2010 стандардот и може да се носи за време на активности на плитка вода, како што се пливање во базени и плитки води покрај брегот. Овој производ ги исполнува барањата на стандардот EN13319 за додатоци за нуркање и поддржува слободно нуркање со максимална длабочина од 30 m. Не треба да се работи во топли тушеви, топли извори или сауни (парни соби), ниту за време на нуркање на платформата, плакнење под висок притисок или други активности кои вклучуваат висок притисок на водата, високи температури, високо ниво на влажност или брзо течење вода. Не е погоден за нуркање, технички нуркања и нуркачки активности на длабочина од 30 m. Исплакнете го часовникот со свежа вода откако ќе го користите во океанска вода. Кожните и металните ремени не се дизајнирани да издржат пливање или пот. Препорачливо е да носите други видови ремени, во такви сценарија. Ве молиме посетете ја официјалната веб-страница на Huawei за повеќе информации за водоотпорноста. Отпорноста на вода не е постојана, а заштитата може да се намали со секојдневно абење.
  10. Тренингот за апнеа се препорачува да се проба додека лежите или седите. Не правете го ова во вода. Прилагодете го тренингот за себе и бидете безбедни. Важно е да го пробате ова само во присуство на професионалец. Тестот за апнеа се препорачува да го пробате на копно додека лежите на грб. Правењето на ова под вода е исклучително опасно и носи ризик од онесвестување со плитка вода (SWB). Важно е да го пробате ова само во присуство на професионалец.
  11. Достапно само на HUAWEI телефони со EMUI 10.1 (или понова верзија) или телефони со iOS. На уредите со iOS им е потребна OTA надградба за поддршка.
  12. Апликациите од трети лица треба да се преземат од Watch AppGallery во апликацијата Huawei Health. Оваа функција не е поддржана на уреди со iOS.
  13. Часовникот не може да пренесува музика од уреди со iOS.
  14. Карактеристиките на часовникот може да се разликуваат во зависност од моделот на телефонот.
Напуштање на customers.huawei.com
Откако ќе кликнете на линкот, ќе влезете во веб-страница управувана од трета страна. Huawei не е одговорен и нема контрола врз оваа веб-локација управувана од трета страна.
Врати се Продолжи