1. Вовед
Ова Известување за приватност важи за обработката на вашите лични податоци во врска со услугата Поддршка од Huawei, што вклучува вршење на услуги за одржување за вас, управување со вашата гаранција, комуникација со вас кога ќе контактирате со Поддршка од Huawei преку разговор во живо, е-пошта, нашата телефонска линија за контакт или директна порака преку нашите официјални сметки на социјални медиуми на Facebook, Twitter, YouTube и Instagram, подобрување на квалитетот на услугата Поддршка од Huawei или управување со правни барања во врска со функционирањето на услугата.
Известувањето за приватност содржи важни информации за обработката на личните податоци, како што е обемот или намената на обработката, периодот на чување на податоците, како и правата на субјектите на податоците. Ја разбираме важноста на вашата приватност. Одвојте време за да го прочитате внимателно ова Известување за приватност за да разберете како ги обработуваме вашите лични податоци.
2. Контролор на податоците
Контролор на податоците е Хуавеи Технолоцис Македониja ДООЕЛ Скопjе. (понатаму во текстот „ние“, „Huawei“ или „Поддршка од Huawei“).
Ако имате прашања во врска со проблемите со приватноста, контактирајте со нас преку формуларот на интернет: https://consumer.huawei.com/mk/legal/privacy-questions/
3. Кои лични податоци ги собираме
Како дел од Поддршка од Huawei, ние ќе ги собираме и ќе ги користиме вашите лични податоци за управување со вашето прашање преку Поддршка од Huawei.
Ги собираме и ги обработуваме следниве типови лични податоци што ги доставувате во врска со вашето прашање преку Поддршка од Huawei:
податоци за контакт: име, презиме, идентитет на корисник и/или прекар, е-пошта, телефонски број, адреса; податоци за уредот: бројот IMEI и други идентификатори на уредот (вклучувајќи електронски);
податоци за прашањето: податоците што се содржат во содржината на вашето прашање преку Поддршка од Huawei, во врска со одржувањето на услугите/процесите на гаранција или кое било друго прашање што може да го имате.
4. Како и врз која основа ги користиме вашите лични податоци
Ги користиме горенаведените лични податоци за да го решиме вашето барање преку Поддршка од Huawei и/или за да ви обезбедиме вам и да контактираме со вас во врска со која било потребна услуга за одржување, да управуваме со вашата гаранција, да го подобриме квалитетот на нашите услуги (и преку спроведување анкети за задоволство на корисници) како и да управуваме со правни барања во врска со горенаведените дејства.
Може да ги обработуваме вашите податоци во врска со:
• реализирањето на договорите:
• договори за гаранција – поправки според условите наведени во документот на гаранцијата
• договори по завршувањето на гаранцијата;
* Можеби нема да можеме да обезбедиме целосна услуга ако ги немаме сите потребни информации.
• дадена согласност – ако го користите нашиот центар за контакт (Согласноста може да се отповика во кое било време, без да се во спротивност со законитоста на обработката пред укинувањето);
• нашите легитимни интереси:
• да ви помогнеме со вашите прашања и барања, решавање проблеми, ЧПП и други информации за нашите услуги за корисници.
• да го подобриме квалитетот на нашите услуги преку подобрување на функционалноста и безбедноста на нашите услуги.
• да ги почитуваме применливите барања за водење и чување документација во врска со услугите што се обезбедуваат.
• да воспоставиме, примениме и браниме правни барања во врска со функционирањето на Поддршка од Huawei.
5. Како ги споделуваме вашите лични податоци
(1) Споделување со даватели на услуги: Користиме даватели на услуги за да ни помогнат да обезбедиме Поддршка од Huawei. Тие ќе имаат пристап до вашите лични податоци само кога е потребно да ги исполнат нивните договорни обврски кон нас за обезбедување услуги за Поддршка од Huawei. Нашите даватели на услуги се внимателно избрани и назначени од нас, делуваат според нашите насоки и нема да ги обработуваат вашите лични податоци за никаква друга намена. Може да ги споделуваме вашите податоци со категории на даватели на следниве услуги:
• овластени сервисни центри – за да ви обезбедиме услуга за одржување (поправка, прием и враќање на уредот по поправката);
• центри за контакт – за да контактираме ефикасно со вас за услугата за одржување;
• центри за спроведување анкети за задоволство на корисници – за постојано да ги развиваме нашите услуги.
(2) Правни или регулаторни одрекувања од одговорност: Huawei може да ги сподели вашите податоци таму каде што е разумно потребно да го направи тоа, на пример, за да ги исполни барањата на применлив закон или пропис, или како одговор на барање на регулаторни тела, судови или владини агенции.
За да обезбеди одредени услуги, Huawei користи други лица и правни субјекти кои припаѓаат на групацијата Huawei (надворешни услуги), таканаречени обработувачи. Како дел од активностите што им се доверени на обработувачите, тие може да добијат пристап до некои или до сите ваши лични податоци што се опишани погоре. Пред обработката, обработувачите добиваат строги насоки за начинот и обемот на обработката и заштитата на личните податоци. Обработувачите немаат право да ги обработуваат личните податоци за цели што се различни од оние наведени погоре.
Во некои случаи, наведените обработувачи може да обработуваат лични податоци и за свои намени, на пример, во врска со обезбедување услуги за поправка по гарантен период. Во тие случаи, обработката ќе се изврши според правилата што се наведени во соодветните политики или прописи на тие правни лица.
Huawei ги почитува сите применливи правни барања за заштита на личните податоци кои се предмет на пренос надвор од територијата на Република Северна Македонија во трети земји (Сингапур), преку Стандардните договорни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од Европската Комисија и/или кои се утврдени од Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија. Стандардните договорни клаузули за пренос на податоците во трети земји ги користиме секогаш со цел да обезбедиме усогласено ниво на безбедност и заштита за вашите лични податоци, како и пристап до применлива и достапна судска заштита, и таму каде што Општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ (GDPR) и локалните прописи за заштита на личните податоци не се применуваат директно.
Huawei ја применува оваа процедура во врска со обезбедувањето на услугите за одржување за коишто е потребно споделување на податоците со компании надвор од групацијата Huawei со седиштето во Народна Република Кина.
6. Колку долго ги чуваме вашите лични податоци
Ги задржуваме вашите лични податоци ограничен временски период што е потребен за да се исполнат намените за обработка и/или правни барања. Следниве периоди на задржување важат за услугата за поддршка на корисници:
• до 24 месеци кога ви се обезбедува услуга за одржување од датумот на вашето барање;
• до 24 месеци од датумот на вашето барање за Поддршка од Huawei.
7. Како ги чуваме вашите лични податоци
Применуваме соодветни технички и организациски мерки за безбедност за да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, откривање, користење, изменување или губење, особено преку примена на криптографски технологии, разделување податоци и автентикација во повеќе чекори.
8. Вашите права и избори
Како субјект на податоците, ги имате следниве права во врска со обработката на вашите податоци:
Право на пристап до информации
– што значи дека контролорот на податоците треба да ви обезбеди на ваше барање информации за обработката на лични податоци, првенствено за намената на правни основи на обработка, обемот на задржаните податоци, правните лица на кои им се откриени личните податоци и периодите на задржување. Врз основа на ова право, може и да побарате од контролорот на податоците да ви достави копија од податоците што се обработуваат. За да го примените вашето право, контактирајте со нас преку формуларот: https://consumer.huawei.com/mk/legal/privacy-questions/;
Право на корекција
– според оваа основа, контролорот на податоците ги отстранува сите неточности или грешки во врска со личните податоци што се обработуваат и ги дополнува или ги ажурира податоците ако е потребно;
Право на бришење
– според оваа основа, може да побарате бришење на податоците, ако тие повеќе не се неопходни за целите за коишто биле собрани или за други законски намени (како што е воспоставување, примена или заштита на нашите законски барања);
Право на ограничување
– според оваа основа, контролорот на податоците ја ограничува обработката на личните податоци, освен за: а) операции за кои субјектот на податоците ја дал својата согласност за траењето на нивните прифатени периоди за задржување или ако има други законски основи како што е обработка; б) или понатамошна обработка на личните податоци е поинаку законски дозволена (на пример, донесување одлука од надзорно тело, што дозволува понатамошна обработка на податоците);
Право на преносливост на податоците
– според оваа основа, ако податоците се обработуваат со автоматски средства, во врска со склучен договор или согласност на субјект на податоци, на ваше барање, контролорот на податоците ќе ви ги достави вашите податоци во структуриран, честокористен формат и машински читлив формат. Покрај тоа, контролорот на податоците, на ваше барање, може да ги пренесе до друг контролор што ќе го наведете – ако тоа е технички изводливо и од страна на контролорот на податоците и од страна на другиот субјект;
Право на приговор на обработката на податоците за директен маркетинг
– вие како субјект на податоците можете во секое време да поднесете приговор за обработката на личните податоци за директен маркетинг, без потреба да го оправдате таквиот приговор;
Право на приговор за обработка на податоците за други намени
– врз основа на вашата конкретна ситуација, можете во секое време да поднесете приговор за обработката на личните податоци врз основа на други легитимни интереси на контролорот на податоците (на пример, за аналитички или статистички цели). Приговор во оваа смисла ќе биде предмет на процена на контролорот на податоците во поглед на неговата легитимна основа на таквата обработка.
Ако сакате да искористите некои од горенаведените права или ако сакате да поднесете приговор или да поставите прашање за тоа како Huawei ги обработува личните податоци воопшто или во вашиот случај, а и ако имате прашања за нашиот службеник за заштита на податоците (DPO), испратете го прашањето на:
https://consumer.huawei.com/mk/legal/privacy-questions/.
Исто така, имате право да поднесете приговор до вашето локално надлежно тело за заштита на податоците.
9. Дополнителни информации
Не ги користиме податоците за автоматско носење одлуки, вклучувајќи профилирање, во врска со операциите за обработка на податоци што се опишани во ова Известување за приватност.
Ако не ни ги доставите вашите лични податоци како што се вашите информации или податоци за контакт за бараната поправка на вашиот уред или во постапка во врска со приговор, нема да можеме да ви ги обезбедиме сите или дел од услугите што се опишани во ова Известување за приватност.
10. Ажурирања на ова известување
Huawei го задржува правото да го ажурира ова Известување во кое било време. Ако ова Известување се ажурира, Huawei ќе објави известување за промените по пат на различни канали, вклучувајќи објавување на најновата верзија на нашата официјална веб страница: https://consumer.huawei.com.
Најновата верзија од ова Известување за приватност секогаш ќе биде достапна овде. Може да го проверите датумот на стапување во сила што е објавен во горниот дел за да видите кога било последното ажурирање на Известувањето за приватност.
ВАЖНО:
Ова Известување за приватност важи за Поддршка од Huawei. За нашата посветеност на приватноста во другите производи и услуги, погледнете ги применливите известувања за приватност за тие производи и услуги. Ако сакате да дознаете повеќе за посветеноста на Huawei на приватноста воопшто, одете до: https://consumer.huawei.com/mk/legal/privacy-policy/