HUAWEI P40 lite

HUAWEI P40 lite KV
HUAWEI P40 lite KV
P40-lite

Забавувај го животот

48 MP Quad AI камери1
40 W HUAWEI SuperCharge2

Бидете креативни со
Quad камерата

Светот е полн со убави и чудесни места кои чекаат на тебе да ги откриеш. Со 4 задни камери, HUAWEI P40 lite фотографира со многу поширок агол, многу почисто и поблиску од колку што можете да замислите. Направете филмски портрети со ’bokeh’ леќите, а потоа преминете на макро леќата и сликајте ја природата со сите нејзини детали. И сето ова со користење на истиот телефон. Би се чувствувале како да имате професионално студио во вашиот џеб.

48 MP
Главна камера
f/1.8

8 MP
Ултра широкоаголна камера
f/2.4

2 MP
Bokeh леќа
f/2.4

2 MP
Макро леќа
f/2.4

48 MP
Главна камера
f/1.8

2 MP
Bokeh леќа
f/2.4

8 MP
Ултра широкоаголна камера
f/2.4

2 MP
Макро леќа
f/2.4

HUAWEI P40 lite quad camera
HUAWEI P40 lite quad camera
HUAWEI P40 lite main camera with 48MP

Убавината е во
деталите

Не можеме да ви кажеме кога точно ќе ви се пружи шанса за фотографија која не смеете да ја пропуштите. Но, со главна камера од 48 мегапиксели, можете да бидете сигурни дека кога ќе дојде тој момент, ќе успеете да го фатите секој прекрасен филмски детал во секој аспект. Во 48 MP AI ултра бистриот режим, камерата сплотува повеќе рамки во една фотографија со висока резолуција, па така нема да изгубите ниту еден детаљ дури и кога ќе зумирате.

HUAWEI P40 lite handhold super night mode

Уживајте во ноќта

Големиот отвор од f/1.8 и сензорот поголем за 1/2 инчи се дизајнирани за да пропуштаат екстра светлина, сè со цел да немате потреба да прекинете со фотографирање дури и по заоѓањето на сонцето. Благодарение на HUAWEI AI технологијата за стабилизирање, Handheld режимот за супер ноќно фотографирање оди низ звукот и ви дава поголем динамички опсег за поостри, појасни фотографии.

HUAWEI P40 lite rear camera with 120°ultra wide angle lens

Проширете ја вашата визија

Фотографирајте повеќе! Со 120°3 ултра широкоаголната камера имате подобар поглед кон она што ве фасцинира, а 17 милиметарската фокусна должина фаќа дури 140% повеќе кадри4. Тоа значи повеќе неон во градските предели, повеќе пријатели во групните слики и повеќе природа во пејсажите.

HUAWEI P40 lite rear camera with macro lens

Откријте го
макро светот

Макро леќата од 2 MP ве носи поблиску до целта од било кога. Фотографирајте одблиску дури и од 4 cm оддалеченост и имајте ја моќта за да ги фатите моделите и текстурите со феноменални детали. Од росата на листовите од цветот до комплексните белези на крилјата на пеперутките, фотографирањето со макро леќите значи откривање на тајниот свет на деталите.

HUAWEI P40 lite bokeh camera

Нека вашите фотографии
бидат истакнати со
Bokeh

Bokeh леќите ја користат моќта на длабоката перцепија на AI за да создадат плитка длабочина на посакуваното поле, омекнувајќи ја позадината и мешајќи ја со остри детали на вашата посакувана цел. Совршено за моменти кога сакате вистински да ги истакнете нештата.

Долготрајна батерија
што брзо се полни

Со батеријата од 4200 mAh, ќе го поминете денот со само едно полнење.5 Но, дури и ако заборавите да го наполните преку ноќ, без грижи. Ставете го на полначот додека го пиете вашето утринско кафе и веднаш ќе биде спремен, благодарение на сертифицираниот TÜV Rheinland 40 W HUAWEI SuperCharge, кој полни до 70% од батеријата за 30 минути.5

HUAWEI P40 lite HUAWEI super charge

Нов, рационален дизајн

Дизајнот на HUAWEI P40 lite ги нагласува најважните работи. Неговото куќиште е закривено од сите страни, затоа е и пријатно да се и пријатно изгледа. Предната камера е вградена во 6.4'' HUAWEI Punch FullView дисплеј за да ја зачува убавината на големиот дисплеј. И благодарение на скенерот за отпечатоци од страната, можете да го отклучите само со еден допир..

HUAWEI P40 lite Sakura Pink
HUAWEI P40 lite Midnight Black
HUAWEI P40 lite Crush Green
HUAWEI P40 lite front camera for super night selfie

Дозволете вашата
личност да блеска

Во режимот за Super Night Selfie 2.0, HUAWEI P40 lite автоматски го осветлува твоето лице кога правиш селфи на слабо осветлени места и го оптимизира светлото, сатурацијата и контрастот на позадината за да стави акцент на личноста. Користи Multi-Frame Fusion технологија за да комбинира повеќе слики, а со тоа создава остро, впечатливо селфи.

HUAWEI P40 lite front camera for super night selfie

Дозволете вашата
личност да блеска

Во режимот за Super Night Selfie 2.0, HUAWEI P40 lite автоматски го осветлува твоето лице кога правиш селфи на слабо осветлени места и го оптимизира светлото, сатурацијата и контрастот на позадината за да стави акцент на личноста. Користи Multi-Frame Fusion технологија за да комбинира повеќе слики, а со тоа создава остро, впечатливо селфи.

HUAWEI P40 lite front camera for AI beauty selfie

Селфи-фотографии што
го истакнуваат најдоброто

Ако постои нешто подобро од селфи, тогаш тоа е AI поддржано селфи. Вградената предна камера ги препознава сенките и светлината во опкружувањето и ги користи за да направи селфи направено по мерка и ексклузивно за вас. Направете професионални портрети кои го акцентираат начинот на кој сакате да бидете видени.

HUAWEI P40 lite Kirin 810

Длабока интелигенција,
извонредни перформанси

HUAWEI P40 lite е опремен со Kirin 810 чип кој носи свој огромен арсенал на технологија. Мрежната единица за обработка е базирана на архитектурата на Да Винчи и оптимизира ефикасност и процесирање на AI. ISP + IVP процесирањето на фотографиите го подобрува намалувањето на звуците и белиот баланс за беспрекорни перформанси што и да правите.

Прикажете ги вашите гејмерски
способности каде и да одите

Во HUAWEI P40 lite има доволно моќ за да ги поддржи дури и најсложените игри. Новата генерација на GPU Turbo ви носи HD графика и високи стапки на рамки без застој така што ќе добиете непречено искуство дури и во најсложените моменти. Исто така, троши изненадувачки малку од батеријата на телефонот, па така можете да играте многу подолго.

HUAWEI P40 lite GPU turbo
HUAWEI P40 lite large memory

Повеќе меморија за
содавање спомени

Со камера толку добра како оваа, ќе ви треба многу простор за фотографии. За среќа, HUAWEI P40 lite содржи 6 GB RAM меморија и 128 GB ROM меморија, па така имате доволно простор за сите ваши фотографии, без разлика колку многу сакате да фотографирате. Големата меморија исто така значи дека можете да работите на повеќе апликации истовремено, без да попречувате на брзината на апликацијата која ја користите.

Интерфејс кој ке сакате да
го користите

HUAWEI P40 lite доаѓа со најдобриот интерфејс до сега, EMUI10. Целосно го реновиравме дизајнот, со почист, поинтуитивен распоред и елегантни бои. Сè е токму онаму каде што треба да биде, а со природните транзиции помеѓу менијата, веднаш можете да стигнете онаму каде што посакувате.

HUAWEI P40 lite EMUI10
HUAWEI P40 lite EMUI10
HUAWEI P40 lite EMUI10
HUAWEI P40 lite-apps
HUAWEI AppGallery

Бутик продавница
за апликации

HUAWEI AppGallery e официјалната дистрибутивна платформа за пребарување, симнување, менаџирање и споделување на мобилни апликации. Таа продолжува да го развива екосистемот на глобални апликации за да ви ги обезбеди заштитените, избрани и диверзифицирани искуства. Уживајте во ексклузивната содржина на апликации, локалните активности и специјалните понуди.

HUAWEI P40 lite
  1. Задни камери: 48 MP Главна камера + 8 MP ултра широкоаголна леќа + 2 MP макро леќа + 2 MP Bokeh леќа
  2. HUAWEI P40 lite ја поддржува максимум вредноста на 40 W HUAWEI SuperCharge технологијата.
  3. Широкоаголната леќа е со 120⁰. Поради корекција на нарушување, вистинскиот агол може да биде помал од 120°.
  4. Овој сооднос се споредува со FOV на главната камера.
  5. Базирано на резултати од лабораторијата на HUAWEI. Вистинските перформанси може да се разликуваат поради разликите во производите, навиките на корисниците и факторите на животната средина.
  6. *Фотографиите се само за пример. Бојата на производот, формата, интерфејсот и функциите се само за пример. Вистинскиот производ може да варира.
  7. *Овој производ е предвремено снабден со HUAWEI AppGallery наместо Google Play.
Поставување на cookie