1.64" Vivid AMOLED дисплеј | Quick-Workout Анимации |
10 дена траење на батеријата1
'Global Media High Star' Оцени и Награди
'Global Media High Star' Оцени и Награди
Повеќе можности на Вашиот рачен зглоб
Одликувајќи се со прекрасен
правоаголен AMOLED дисплеј со 1.64" и 280 x 456 HD резолуција,2 HUAWEI WATCH
FIT овозможува ултра јасно и широко искуство во гледањето. Автоматското прилагодување на
светлината нуди подобро гледање на сончева светлина, додека шесте Always-On3 изгледи на
часовникот овозможуваат да го истакнете вашиот личен стил и расположение во текот на денот.
1.64инчен дисплеј
2.5Dзаоблено стакло
70%сооднос на екранот со телото
280 x 456HD резолуција
326PPI
16.7мега бои
Освежи го твојот секојдневен стил
Персонализирање на часовникот со цел да одговара на вашиот
секојдневен изглед со разни шарени изгледи4. Дополнително на официјалните, има огромен број
прекрасни изгледи за часовници во Watch Face Store од кои можете да изберете. Исто така,
можете да ја направите уникатен изглед со која било фотографија од вашиот
мобилен уред .5
Прилагоден за вас
Сега функциите што ви се важни може лесно да се прилагодат.
Она за што најмногу се грижите, како времето, срцевиот ритам, чекорите, траењето на батеријата
и други, можат слободно да бидат избрани и поставени на соодветна позиција според вашите
навики на гледање.6
Каков стил и да посакате
Текстурираната мат рамка на часовникот совршено се спојува со
разнобојните и меки ремени за врвен и цврст дизајн. HUAWEI WATCH FIT ви носи софистициран и трендовски
изглед .
Sakura PinkMint GreenCantaloupe OrangeGraphite Black
Полесен дизајн, подолг век на траење на батерија
Неверојатно тенкиот и лесен HUAWEI WATCH FIT ги надгради перформансите на
батеријата во само 21 грам,7 што го прави совршен придружник за целиот ден.
Одликувајќи се со двојна архитектура на чипсетот и алгоритми за заштеда на енергија, овој часовник
може да работи и 10 дена. А со технологијата за брзо полнење, часовникот може да се наполни за само 5 минути.8
Приватен тренер
Започнете со тренинг во секое време со HUAWEI WATCH FIT и
ослободете се од пребарување видеа за демонстрација. Овој часовник обезбедува 12 видови на
анимирани брзи тренинзи9 како Вежбање дома, Истегнување на целото
тело, вежби за стомачни мускули и вклучува 44 стандардни демонстрации за движење.
Искористете го слободното време како паузи за кафе или викендот за да бидете во форма со
овојпаметен часовник.
96 Режими за вежбање
HUAWEI WATCH FIT обезбедува прецизни и навремени мерила за вежбање за 11 режими
на професионален спорт вклучувајќи трчање, пливање и возење велосипед. 85-те режими на сопствено
вежбање ви овозможуваат да го ослободите вашиот потенцијал, без разлика дали сакате јога или тренинг
со висок интензитет, часовникот исто така ги следи отчукувањата на срцето во реално време, калориите и
времетраењето на тренингот.
Пронајди го твојот најдобар ритам
Со вграден GPS сензор, 5ATM10, алгоритам за отчукување на срцето
со AI и иновативни сензори, HUAWEI WATCH FIT е дизајниран за сите начини на кои вежбате. Овој
часовник ви помага да тренирате подобро, обезбедувајќи метрика во реално време, проценки на
ефектите од научен аспект и професионално водство.
Паметен партнер за вежбање, Напредна метрика
HUAWEI WATCH FIT е во состојба да го детектира почетокот на тренингот, да
го препознае типот на тренингот и да ве потсети да започнете да го следите.11 Без разлика дали
трчате или пливате, HUAWEI WATCH FIT може да ги следи потребните точни метрики за вежбање. Откако
ќе завршите, можете да видите подетални информации, професионална анализа и научни факти во HUAWEI
Health App.
Бидете мотивирани секој ден
HUAWEI WATCH FIT го следи вашиот напредок во текот на цел ден и ве потсетува да
станувате од време на време за да спречите претерано седење. Часовникот го бележи вашиот дневен број
на чекори, активни часови и периоди на активности со среден до висок интензитет во три шарени кругови
и ви обезбедува чувство на успешност кога ги завршувате.
24-часовно следење на срцевиот ритам
Благодарение на технологијата за следење на отчукувањата на срцето, HUAWEI
TruSeen ™ 4.0, овој паметен часовник може точно да го следи срцевиот ритам во реално време во текот на
денот, а дури и кога спиете. Навремено откријте дали срцевиот ритам го надминува нормалниот опсег и
испратете потсетник за да ви обезбеди целосна здравствена заштита.12
Ниското ниво на сатурација на кислород во крвта (SpO2) може да
резултира со здравствени проблеми. Обидете се да го носите HUAWEI WATCH FIT и започнете со откривање
на SpO2 со едноставен допир. За само неколку секунди, тој точно ќе ги покаже податоците и
ќе ви даде препорака да обрнете внимание на вашето здравје.
Replay
Подгответе се за посебни денови
Водете сметка за вашите менструални циклуси14 и проценете
го датумот на овулација со овој паметен часовник. HUAWEI WATCH FIT може да ви испрати
потсетници според записите и да ви помогне да се подготвите за посебните денови.
Подобро следење на спиењето
Врз основа на срцевиот ритам и технологијата за следење на спиењето
HUAWEI TruSleep™ 2.0, овој часовник е способен прецизно да ја сними состојбата на вашиот сон и
да го анализира вашиот квалитет на спиење, како и да обезбеди 200+ научни совети15 за
подобрување на квалитетот на спиењето.
Ослободете се од стресот
Технологијата HUAWEI TruRelax и алгоритмот за целодневно следење на
стресот можат ефикасно да ги следат нивоата на стрес за да проверат дали се чувствувате
напнати.16 Обидете се да ги следите предложените вежби за
дишење за да го намалите стресот.
Превземи
Превземи ја апликација Health од HUAWEI AppGallery веднаш и погледни како можеш да започнеш ново поглавје во Вашиот живот.
Скенирај го QR кодот подолу и превземи ја веднаш на вашиот уред.
Инстант потсетник за пораки
Обезбедувајќи навремени потсетници за СМС пораки, дојдовни повици, настани
во календарот и други апликации на социјалните медиуми, HUAWEI WATCH FIT ви овозможува повеќе да
не пропуштате важни работи.
Личен асистент
Може да имате подобра контрола врз музиката16, да фотографирате
од далечина17 или да го пронајдете телефонот со овој паметен
часовник. Може да користите и други функции како што се Weather, Alarm, Timer, Stopwatch,
Flashlight.
×
HUAWEI Health е интегрирана апликација за податоци и услуги за апликации на Huawei производи што се носат.